Subject: Languages and literature
Year: 2026
Type: Article
Type: PeerReviewed
Title: Емоционалната празнина и потрагата по блискост во романот „Добар ден, тато“ од Стјепан Томаш (интерпретативно-аналитички пристап кон идентитетот, адолесценцијата и семејните релации)
Author: Denkova, Jovanka
Abstract: Прва книга за деца на Стјепан Томаш е романот „Молецот и ноќниот чувар“ (1982), но романот „Добар ден, тато“ (1987) е првиот објавен на македонски јазик од издавачката куќа Македоника литера во 2023 година. Заедно со романот „Мојот татко спие со ангелите (Мал воен дневник)“, овие два романи се задолжителна лектира во основното образование во Хрватска. За романот „Добар ден, тато“, авторот ја добил и наградата „Григор Витез“, едно од најпрестижните признанија во хрватската литература за деца и млади. Пишувањето на Стјепан Томаш се карактеризира со хуманост, топлина и длабоко разбирање за човековата природа, особено кога станува збор за детскиот и адолесцентскиот психолошки свет. Предмет на овој труд е анализата на романот „Добар ден, тато“ од Стјепан Томаш, со посебен фокус на феноменот на емоционалната празнина и потрагата по блискост како централни тематски и психолошки категории. Делото се разгледува како наративен простор во кој се артикулираат комплексни релации помеѓу индивидуалниот субјективитет и општествените структури, особено во контекст на адолесцентниот развој и семејната динамика. Целта на истражувањето е да се утврди на кој начин емоционалната отуѓеност и потребата за блискост се манифестираат преку ликовите, како и да се анализира нивната функција во градењето на значенската структура на романот. Притоа, се настојува да се покаже дека овие категории не се само индивидуални психолошки состојби, туку и рефлексија на пошироки општествени и културни процеси. Од методолошки аспект, трудот се темели врз интерпретативно-аналитички пристап, комбиниран со психолошка и социолошка анализа. Во рамките на психолошката перспектива се користат сознанијата на Ерик Ериксон за развојот на идентитетот и кризата на адолесценцијата, додека социолошкиот аспект овозможува согледување на семејството како клучна институција во обликувањето на индивидуалните релации. Анализата се реализира преку ексцерпција и интерпретација на карактеристични текстуални сегменти, како и преку испитување на наративните постапки и симболичките структури во текстот. Романот „Добар ден, тато“ од Стјепан Томаш претставува длабоко емотивна приказна за идентитетот, љубовта и семејните вредности. Во центарот на нарацијата е приказната за младиот тринаесетгодишен адолесцент Драгутин – момче што дознава дека е посвоено, што го турка во вртлог од прашања за личниот идентитет, болка, сомнежи и лична трансформација.
Publisher: Sovremenost, Skopje
Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/39218/
Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:39218
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/39218/1/%D0%A1%D0%BE%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82%2C%202026.pdfIdentifier: Denkova, Jovanka (2026) Емоционалната празнина и потрагата по блискост во романот „Добар ден, тато“ од Стјепан Томаш (интерпретативно-аналитички пристап кон идентитетот, адолесценцијата и семејните релации). Sovremenost, 14 (1). pp. 141-154. ISSN 0038-5972