Subject: Languages and literature
Year: 2026
Type: Article
Type: PeerReviewed
Title: Култот на Светите Петнаесет тивериополски свештеномаченици во Струмичкиот Регион ‒ нематеријално културно наследство
Author: Vitanova-Ringaceva, Ana
Abstract: Седумнаесет векови во Струмица и околината живее култот на Св. Петнаесет тивериополски свештеномаченици. Покажувањето почит кон жртвата на мачениците за Христовата вера, спонтано прераснува во култ што народот го пренесува од една на друга генерација. Иако денес во регионот на Струмица не постојат траги од моштите на Мачениците, сепак народот ги издигнал до степен на благодатни покровители за градот и неговата околина. Храмот, гробот во с. Куклиш, стариот брест, верувањето во чудотворната моќ на светителите, се најсилните алки при градењето и пренесувањето на култот. Постоењето на овој култ е поткрепено со повеќе хагиографски и химнографски текстови, како и народни преданија за животот на светците, но и за нивната исцелителско-заштитничка моќ, векови по смртта. Во науката постојат повеќе различни ставови во врска со веродостојноста на култот и неговата поврзаност со Струмица, но тие нема да бидат тема на наш интерес. Она што сакаме да го валоризираме е жилавоста и континуитетот на овој култ до денес. Повикувајќи се на податоците од Пространото житие на Теофилакт Охридски од XI век (во кое е опишан нивниот живот, дејноста, мачеништвото и посмртните чуда), богатиот фолклор што овој крај го чува, а е поврзан со Мачениците, како и широката распространетост и континуитет до денес, ќе се обидеме да одговориме на прашањето: Дали и како култот на Св. Петнаесет може да се зачува како дел од македонското културно наследство од нематеријалната сфера?
Publisher: Македонско етнолошко друштво, Скопје, Република Северна Македонија
Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/39216/
Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:39216
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/39216/1/%D0%9A%D1%83%D0%BB%D1%82%D0%BE%D1%82%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%A1%D0%B2.%D0%9F%D0%B5%D1%82%D0%BD%D0%B0%D0%B5%D1%81%D0%B5%D1%82.%20%D0%95%D1%82%D0%BD%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D0%B3%202026.pdfIdentifier: Vitanova-Ringaceva, Ana (2026) Култот на Светите Петнаесет тивериополски свештеномаченици во Струмичкиот Регион ‒ нематеријално културно наследство. Етнолог, 305 (21). pp. 194-209. ISSN 1409-6404