Subject: Art (arts, history of arts, performing arts, music) Year: 2026
Type: Performance Type: NonPeerReviewed
Title: Концерт на проф. д-р Илчо Јованов и неговите студенти на 11. фестивал „Хармониките“ – Битола
Author: Jovanov, Ilco
Abstract: Концертот на проф. д-р Илчо Јованов и неговите студенти од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип го означи отворањето на 11. издание на фестивалот „Хармониките“ во Битола. Настанот се одржа на 14 јули 2026 година во Офицерскиот дом во Битола, како дел од тридневната фестивалска програма. Со концертната изведба беше претставена заедничката уметничка работа на професорот и студентите, со посебен акцент на афирмацијата на хармониката, концертното музицирање и развојот на младите инструменталисти.