Subject: Educational sciences
Year: 2022
Type: Project
Type: NonPeerReviewed
Title: Tригодишен национален проект за професионално усовршување на воспитно-образовниот кадар во средните училишта на Република Северна Макeдонија
Author: Serafimovska, Hristina
Abstract: Во периодот 2022–2024 година, во рамките на тригодишен национален проект за професионално усовршување на воспитно-образовниот кадар во Република Северна Македонија, организиран од Бирото за развој на образованието, во соработка со акредитираната установа за спроведување обуки за наставници Академија ЦЕС – Скопје, беа реализирани обуки насочени кон унапредување на професионалните компетенции на наставниците. Основната цел на обуките беше оспособување на наставниците за примена на современи пристапи на активна настава и развивање претприемничко образование, преку примена на иновативни и интерактивни методи, создавање позитивна и поттикнувачка средина за учење и развивање култура на професионална соработка. Посебен акцент беше ставен на активната улога на ученикот во наставниот процес, поттикнувањето иницијативност, креативност, критичко размислување, решавање проблеми, соработка и други компетенции значајни за развојот на претприемничкиот начин на размислување. Во својство на учесник и обучувач, доц. д-р Христина Серафимовска беше вклучена во реализацијата на три акредитирани програми за професионално усовршување: П12 – „Примена на иновативни интерактивни пристапи во наставата“, насочена кон примена на современи методи и техники кои овозможуваат поголема интерактивност, активно учество на учениците и унапредување на квалитетот на наставниот процес; П24 – „Стратегии за менаџмент во училница – принципи и примери на добра практика за создавање позитивна работна атмосфера во училница и во онлајн/виртуална училница“, насочена кон развивање компетенции за ефективно управување со наставниот процес и создавање позитивна и мотивирачка средина за учење; П29 – „Професионална соработка на наставниците (стручни активи, заедници за учење, менторство и сл.)“, насочена кон јакнење на професионалната соработка, размената на искуства и добри практики, менторството и континуираното професионално учење на наставниците. Преку реализацијата на овие програми се придонесе кон јакнење на капацитетите на воспитно-образовниот кадар за современа, активна и ученички ориентирана настава, како и кон интегрирање на елементи на претприемничкото образование во наставниот процес. Обуките истовремено придонесоа за развивање на професионалните компетенции на наставниците, нивната подготвеност за примена на иновативни наставни практики и зајакнување на професионалната соработка во образовните институции.
Publisher:
Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/38809/
Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:38809
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/38809/1/%D0%90%D0%93%D0%95%D0%9D%D0%94A.pdfIdentifier: Serafimovska, Hristina (2022) Tригодишен национален проект за професионално усовршување на воспитно-образовниот кадар во средните училишта на Република Северна Макeдонија. [Project]