Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Clinical medicine


Year: 2025


Type: Thesis
Type: NonPeerReviewed



Title: Влијанието на контаминацијата(чистота) на имплантната површина и медицинскиот статус врз имплантниот успех(in vitro)


Author: Arsovski, Ljupka



Abstract: Вовед Денталната имплантација претставува процес на вградување на дентални импланти во коската на пациент на места каде што недостасуваат еден или повеќе заби. Имплантот го заменува коренот на изгубениот заб. За да биде успешна имплантацијата, потребно е да се случи процесот на остеоинтеграција. Тоа значи дека денталниот имплант поставен во коската треба да се остеоинтегрира во коската. Успехот на процесот на остеоинтеграција зависи од повеќе фактори. Еден од факторите е биолошката модификација на материјалот од кој е изработен имплантот. Како неуспех кој може да се предвиди е појава на перииимплантит и отфрлање на имплантот. Материјали и методи За ова научноистражување користиме скенирачки електронски микроскоп, кој ќе овозможи детална анализа на површината на имплантите. Анализата е изведена на нови фабрички, како и на отфрлени импланти. Скен електронски микроскоп (SEM) е вид на електронски микроскоп кој произведува слики од примерок со скенирање на површината со фокусиран зрак на електрони. Со помош на електронскиот микроскоп се открива присуството на елементите на површината на имплантот. Резултати Како последица на таложење на многу минерали се јавува поголема отпорност на абење на површината на имплантот. Откриени се и траги од загадувачи на површината на Ti на неуспешните импланти, односно отфрлените импланти. Сите овие елементи потенцијално негативно влијаат на успехот на имплантацијата и се една од причините за неупехот на имплантацијата. Заклучок Контаминацијата на денталните импланти е клучен фактор за успехот/неуспехот на имплантацијата. Траги од органски и неоргански загадувачи можат да се пронајдат во отфрлените, но и во новите импланти и покрај процесот на чистење на имплантот, површинскиот третман на Ti со материи како што се киселина и песок. Клучни зборови: имплант, неуспех, остеоинтеграција, периимплантит, успех.


Publisher:


Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/36853/



Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:36853
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/36853/1/%D0%89%D1%83%D0%BF%D0%BA%D0%B0%20%D0%90%D1%80%D1%81%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8%20PhD.pdf
Identifier: Arsovski, Ljupka (2025) Влијанието на контаминацијата(чистота) на имплантната површина и медицинскиот статус врз имплантниот успех(in vitro). Doctoral thesis, Faculty of Medical Sciences, Goce Delcev University, Stip, North Macedonia.



TitleDateViews
Влијанието на контаминацијата(чистота) на имплантната површина и медицинскиот статус врз имплантниот успех(in vitro)20253