Subject: Law
Subject: Media and communications
Subject: Political Science
Year: 2024
Type: Article
Type: PeerReviewed
Title: Медиумите и националните интереси: промоција и заштита споредено со земјите во регионот и Европа
Author: Koroveshovska, Iskra
Abstract: Предмет на овој труд е улогата на медиумите во заштита на националните интереси на Република С. Македонија и потребата од носење на медиумска стратегија во тој правец. Улогата на медиумите во секоја држава е клучна за промоција и поддршка на институционалните агенди, во насока на штитење на националните интереси. Нашата држава, од осамостојувањето до денес, најмногу изминатите десеттина години, мина низ период на сериозни предизвици, како промената на уставното име, оспорувањето на македонскиот јазик и македонската историја. Овој труд, преку темелна анализа на улогата и начинот на известување на македонските медиуми во гореспоменатите процеси, ќе ја објасни целта и потребата од креирање на посебна медиумска стратегија за заштита на македонските национални интереси, иницирана и подготвена од самите медиуми. Преку компаративната анализа со земјите во регионот од поранешните југословенски републики и пошироко, на истата тема, овој труд покажува дека стратешкото известување на новинарите во клучни моменти е силен штит за самата држава. Медиумите се седмата сила во светот, а суштината на ваквото нивно позиционирање е токму заради нивната моќ во заштитата и борбата за јавните интереси и националните прашања.
Publisher: Goce Delchev University, Stip
Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/36845/
Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:36845
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/36845/1/anazdraveva%2C%2BIskra%2BKoroveshovska.pdfIdentifier: Koroveshovska, Iskra (2024) Медиумите и националните интереси: промоција и заштита споредено со земјите во регионот и Европа. Proceedings of the 11th International scientific conference “Social changes in the global world”, 11 (11). pp. 491-501.