Subject: Other medical sciences
Year: 2025
Type: Conference or Workshop Item
Type: PeerReviewed
Title: Интеграција на дигиталниот спектрофотометар во денталната медицина- нови можности за точност и квалитет
Author: Prosheva Pelivanova, Ljubica
Author: Atanasova, Sandra
Author: Zarkova Atanasova, Julija
Author: Zlatanovska, Katerina
Abstract: Современата дентална медицина е во постојан технолошки напредок, преку интеграцијата на дигиталните технологии кои играат клучна улога во подобрувањето на точноста, ефикасноста и квалитетот на стоматолошките третмани. Еден од најзначајните напредоци во денталната медицина е употребата на дигиталниот спектрофотометар, кој овозможува објективно, брзо и репродуктивно одредување на бојата на забите. Традиционалните методи за одредувањето на бојата, како што се визуелното споредување со стандардни бои или употребата на класични водичи за бои (клучеви на бои), често се подложни на варијации поради субјективни фактори како што се осветлувањето во просторијата односно дали е природна дневна светлина или рефлектор, искуството на стоматологот, индивидуалната перцепција на бојата, обоеноста на просторијата каде што се одредува бојата, бојата на компресата како и доколку пациентите имаат кармин. Ова може да резултира со несоодветно одредување на боите, што е критично за успешноста на естетските стоматолошки третмани. Интеграцијата на дигиталниот спектрофотометар во денталната медицина овозможува прецизно мерење на бојата на забите преку анализа на светлосните спектри. Овој инструмент користи напредна технологија за регистрирање на различни бранови должини на светлината рефлектирана од површината на забот, овозможувајќи висока точност во одредувањето на нијансата, светлината и хроматичноста. Овие добиени податоци потоа се пренесуваат во стоматолошките лаборатории, овозможувајќи изработка на протетски реставрации (како што се коронки, фасети и мостови) со боја што совршено се усогласува со природните заби на пациентот. Една од најголемите придобивки од дигиталните спектрофотометари е елиминирање на човекова грешка и подобрување на комуникацијата помеѓу стоматолозите и забните техничари. Ова значително го намалува бројот на корекции и повтони изработки на реставрации, што резултира со заштеда на време и финансиски средства како за стоматологот, така и за техничарот, а и за пациентот. Дополнително, оваа технологија овозможува архивирање, односно сочувување во посебно формати на податоците за бојата на забите на пациентите, што овозможува следење на промените со текот на времето и олеснување на идните третмани. И покрај значителните придобивки, интеграцијата на дигиталниот спектрофотометар во стоматолошката пракса се соочува со одредени предизвици. Факторите како што се природното и вештачкото осветлување, состојбата на емајлот на забот и присуството на површински конкременти можат да влијаат врз точноста на мерењата и одредувањето на бојата со помош на дигиталните спектрофотометри. Поради ова, потребна е соодветна обука на стоматолозите и персоналот на заботехничките лаборатории со цел да се постигнат оптимални резултати. Заклучно, дигиталниот спектрофотометар претставува еден револуционерен инструмен, односно значаен напредок што се применува во денталната медицина кој овозможува нови можности за зголемена точност, предвидливост и зголемен квалитет во естетските стоматолошки третмани. Неговата секојдневна примена значително го олеснува процесот на одредување на бојата, ја минимизира субјективноста и овозможува персонализирани решенија индивидуално за секој пациент. Со понатамошниот технолошки развој и усовршување, оваа технологија има потенцијал да стане стандард во современата стоматолошка пракса, обезбедувајќи високо естетски и функционални решенија за пациентите. Клучни зборови: естетика, боја, светлина, нијанса, хроматичност
Publisher:
Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/36825/
Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:36825
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/36825/1/%D0%95%D1%82%D0%B8%D0%BC%D0%B0%202025.pdfIdentifier: https://eprints.ugd.edu.mk/36825/2/Agenda%20etima.pdfIdentifier: Prosheva Pelivanova, Ljubica and Atanasova, Sandra and Zarkova Atanasova, Julija and Zlatanovska, Katerina (2025) Интеграција на дигиталниот спектрофотометар во денталната медицина- нови можности за точност и квалитет. In: Third International Conference ETIMA 2025, 24-25 Sept 2025, Stip, Republic of North Macedonia.