Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Agriculture, forestry, and fisheries


Year: 2024


Type: Conference or Workshop Item
Type: NonPeerReviewed



Title: Сезонски варијации во квалитетот на бунарската вода


Author: Anastasova, Ankica
Author: Nakov, Dimitar
Author: Kuzelov, Aco
Author: Panev, Kristina



Abstract: Главна цел на истражувањето беше испитување на сезонските варијации во квалитетот на бунарската вода од пет бунари локализирани во регионот на Пробиштип и Кочани. Водата од бунарите се користи за задоволување на потребите на домаќинствата кога централизираното снабдување со вода не задоволува во капацитет. Во примероците бунарска вода по сезони во годината беа следени варијациите во физичко-хемискиот состав, микробиолошкиот квалитет, присуството на тешки метали и радионуклиди. Примероците вода беа анализирани на шест микробиолошки параметри, четири физички параметри, пет хемиски параметри, присуство на 6 тешки метали и беше детектирано присуството на 4 радионуклиди. Добиените вредности за квалитет на бунарската вода беа споредени со референтните вредности пропишани во Правилникот за безбедност и квалитет на вода за пиење. Микробиолошкиот квалитет на испитуваната вода од сите бунари не задоволуваше за нејзина употреба како вода за пиење. Физичкиот и хемискиот квалитет на водата беше во границите на максимално дозволените концентрации. Присуството на тешки метали и радионуклиди беше во границите на максимално дозволените концентрации. Статистичкиот модел покажа високо статистички значајно влијание на локацијата на бунарот врз квалитетот на водата, додека сезоната во годината статистички значајно не влијаеше врз квалитетот на бунарската вода. Согласно квалитетот на бунарската вода, таа може да се користи за наводнување на земјоделските култури но не смее да се користи како вода за пиење и во домаќинството. Клучни зборови (3-7 зборови): вода, физичко-хемиски параметри, микробиолошки квалитет, сезонски варијации


Publisher:


Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/36269/



Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:36269
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/36269/1/Kniga%20na%20apstrakti%20od%20V%20stud.%20konf_final%20pg.30.pdf
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/36269/2/Water%20quality%20seasonal%20variations%20ver%201.pdf
Identifier: Anastasova, Ankica and Nakov, Dimitar and Kuzelov, Aco and Panev, Kristina (2024) Сезонски варијации во квалитетот на бунарската вода. In: V Студентска конференција „Критични прашања во земјоделството и животната средина” Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, Земјоделски факултет, 13 Nov 2024, Stip, Republic of North Macedonia.



TitleDateViews
Сезонски варијации во квалитетот на бунарската вода2024155