Subject: Animal and dairy science
Year: 2024
Type: Conference or Workshop Item
Type: NonPeerReviewed
Title: Можности за искористување на лушпата од ориз во сточарското производство
Author: Stojanov, Ivan
Author: Nakov, Dimitar
Author: Kuzelov, Aco
Abstract: Последица од индустриското производство на ориз е насобирање на големо количество одпад чие складирање и отстранување има влијание врз околината и здравјето на луѓето. Најчеста практика кај земјоделците за решавање на проблемот со оризовата лушпа е нејзино согорување што има директни негативни последици за загадување на воздухот и емисија на стакленички гасови. Искористување на лушпата како нуз-производ при обработката на оризот во сточарството има повеќекратна придобивка од аспект на нејзина употреба во исхраната на животните, управување со ѓубрето од фармите за домашни животни и зачувување на животната средина. Главна цел на трудот е да направи преглед на литературните податоци за потенцијалната употреба на лушпата од ориз во сточарското производство, со акцент на нејзината нутритивна вредност и употребната вредност за одржливо сточарско производство. Лушпата од ориз главно се состои од целулоза, хемицелулоза и лигнин, со што има ниска сварлива вредност. Сепак, лигнинот во комбинација со останатите хранливи состојќи во крмните смеси има големо значење за процесите на ферментација на храната кај преживните животни и подобрување на нутритивната вредност на крмивата. Лушпата како биомаса може да се употребува во процесите на компостирање на шталското ѓубре. Оризовата лушпа заедно со изметот и осоката од животните создава компост со подобрени својства за ремедијација на киселите почви истовремено нудејќи решенија за управување со ѓубрето од сточарските фарми. Со употреба на оризовата лушпа како додаток во исхраната на животните и како биомаса за компостирање земјоделските производители се стремат кон циркуларна економија и промовираат одржливо земјоделско производство. Клучни зборови (3-7 зборови): оризова лушпа, сточарско производство, исхрана, компост
Publisher:
Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/36268/
Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:36268
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/36268/1/Kniga%20na%20apstrakti%20od%20V%20stud.%20konf_final%20pg.19.pdfIdentifier: https://eprints.ugd.edu.mk/36268/2/%D0%9F%D1%80%D0%B5%D0%B7%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%98%D0%B2%D0%B0%D0%BD%20%D0%A1%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2%20%D0%B2%D0%B5%D1%80.%201.pdfIdentifier: Stojanov, Ivan and Nakov, Dimitar and Kuzelov, Aco (2024) Можности за искористување на лушпата од ориз во сточарското производство. In: V Студентска конференција „Критични прашања во земјоделството и животната средина” Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, Земјоделски факултет, 13 Nov 2024, Stip, Republic of North Macedonia.