Subject: Other agricultural sciences
Year: 2023
Type: Conference or Workshop Item
Type: PeerReviewed
Title: Карактеризација на минералниот профил на разни производи на функционална храна
Author: Balabanova, Biljana
Author: Spirova, Lolita
Abstract: Функционалната храна се однесува на производи кои со долгорочно консумирање може превентивно или терапевтски да влијаат врз одредени аспекти на човековото здравје. Функционалната храна претставува богат извор на биоактивни компоненти. Кога овие материи се внесуваат со исхраната во доволни, дефинирани и безбедни (нетоксични) количини обезбедуваат научно потврдена и евидентирана нутритивна корист, во превенција, контрола и/или третманот на одредени хронични болести. Посебно значаен аспект на функционалната храна е содржината на минералните елементи. Минералите имаат ефективна улога во метаболизмот и хомеостазата. Карактеризацијата на содржината на минералите во производи на функционална храна може да обезбеди корисни информации за механизмите на апсорпцијата и биорасположливоста на истите. Утврдувањето на достапните и вкупните содржини на минералните елементи претставува корисна алатка во хемиската карактеризација на функционалната храна, со примена на софистицирани аналитички изотопски методи. Аналитички лидер во идентификацијата на содржината на минералните елементи претставува индуктивно спрегната плазма со масена спектрометрија (ICP-MS). Оваа инструментална техника обезбедува определување на минералниот профил со повеќе од 50 изотопи, вклучувајќи ги и елементите во траги.
Publisher:
Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/32271/
Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:32271
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/32271/1/kniga-na-apstrakti-fmn-farmacija%20%281%29%20Balabanova%20%20and%20Spirova.pdfIdentifier: https://eprints.ugd.edu.mk/32271/2/Poster-Balabanova-Spirova.pdfIdentifier: Balabanova, Biljana and Spirova, Lolita (2023) Карактеризација на минералниот профил на разни производи на функционална храна. In: Прв симпозиум со меѓународно учество од областа на фармацијата „Фармацевтска грижа: актуелности, можности, предизвици“.