Home | Repositories | Statistics | About



Subject: инклузивна практика, инклузивна политика, предизвици и проблеми


Year: 2018


Type: Proceeding article



Title: Состојби и предизвици на инклузивното образование во Р. Македонија


Author: Рашиќ Цаневска, Оливера
Author: Ајдински, Горан



Abstract: За да се разбере инклузијата и да се постави на вистински темели, неопходно е да се тргне од културата и традицијата на општествената заедница во која се поставува. Концептот на инклузивно образование е терен во кој се натпреваруваат и судираат контрадикторни вредности, политики и процеси. Целта на студијата е да се направи увид во моменталната состојба на инклузивното образование во Р. Македонија и да се детерминираат проблемите и предизвиците со кои се соочуваат сите учесници во инклузивниот процес. Потребните податоци беа добиени преку дескриптивна и компаративна анализа на сите законски и подзаконски акти, стратешки и проектни документи од една страна и спроведување на веб-анкетирање на 89 дефектолози во редовните основни и средни училишта, од друга страна. Анализата на податоците посочи на континуирано еволуирање на инклузивното образование и покрај повеќекратните почетоци и анулирање на работата на експертите и првите обиди на инклузивно образование. Како најчести детерминирани проблеми се недостаток на соодветна документација на учениците со посебни образовни потреби, недостаток на просторни и материјално-технички услови за работа, оценувањето на учениците и пред сè недоволна развиеност на инклузивниот процес во рамките на предучилишното воспитание. Новите промени во законската легислатива ветуваат унапредување на целокупниот воспитно-образовен процес на децата со пречки во развојот, но потребно е вмрежување на институциите во насока на искористување на сите потенцијали.


Publisher: Филозофски факултет, Скопје


Relation: Трансформација кон одржливо и флексибилно општество за лицата со инвалидност



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/9952
Identifier: Рашиќ Цаневска, О., Ајдински, Г. (2018). Состојби и предизвици на инклузивното образование во Р. Македонија. In Трансформација кон одржливо и флексибилно општество за лицата со инвалидност. Зборник на трудови, 44-58. Скопје: Филозофски факултет.
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/9952



TitleDateViews
Состојби и предизвици на инклузивното образование во Р. Македонија201824