Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Zollinger-Ellison синдром
Subject: гастрином
Subject: ИПП
Subject: УС
Subject: ЕУС


Year: 2018


Type: Article



Title: ZOLLINGER-ELLISON СИНДРОМ : ПРИКАЗ НА СЛУЧАЈ


Author: Личоска-Јосифовиќ Фана
Author: Попова-Јовановска Р
Author: Чалоска-Иванова, В
Author: Трајковска, М
Author: Старделова-Гривчева К
Author: Димитрова-Генадиева М
Author: Дерибан Ѓ
Author: Тодоровска Б



Abstract: Вовед: Zollinger-Ellison синдром (ЗЕС) е ретка состојба која настанува како последица на зголемена секреција на хормон гастрин, од еден или повеќе невроендокрини тумори, гастрином/и. Приказ на случај: 62 годишна жена, со четиригодишна анамнеза за епигастрични болки, гадење и повраќање, 10-15 течни водести столици на ден без појава на слуз и крв, намален апети и губење во телесна тежина, со повремено смирување на симптомите со ИППo. Лабораториските анализи покажаа покачени вредности на Urea 14.2 mmol/L,Kreatinin 256 mmol/L, K 3.2 mmol/L, и гастрин во серум високо позитивен 2404 pg / ml ( реф.13- 115pg / ml). Горнодигестивната ендоскопија, покажа прилично изразени улцеративно-некротични промени на храноводот. Слузницата на желудникот беше со макроскопски аспект за хиперпластички/хипертрофички промени а хистопатолошкиот наод покажа скратени фовеоларни крипти и хиперплазија на париеталните клетки. Во дуоденумот доминантни лезии беа постбулбарно, во Д2 каде се забележаа повеќе улцеративни лезии со хематинизирано петно. Ултразвучниот наод покажа мала овална формација со големина од околу 13 мм, лесно хиперехогенична до самот ѕид на дуоденумот, но оваат промена не се потврди со контрасен КТ на абдомен. Ендосонографијата покажа јасно ограничена со хипоехогено хало солидна хиперехогена тм промена со дм од 17х20 мм, меѓу зидот на дуоденумот и жолчно ќесе. На институт за патофизиологија и нуклерана медицина беше направена трифазна сцинтиграфија ( октреотид скен )1.3 и 24 часовна по апликација на обележан соматостатински аналог ( Tc 99m-tektrotyd, доза 740MBq), покажа присутна патолошка акумулација во црниот дроб-проекција на петти сегмент зад жолчното кесе. Дијагнозата дополнително е потврдена хистопатолошки во референтен центар во Словенија. Пациентката беше поставена на високи дози ИППп (2x80mg) а потоа на ИППо (2x80mg), што доведе до подобрување на општа состојба и смирување на симтомите. Заклучок : Кај секој пациент со сомнение за ЗЕС потребна е клиничката презентација, и потврдување со биохемиски тестови и имиџинг техники со цел локализација и одредување на фазата на гастриномот/ номите. Најдобар модалитет за локализирање на гастрином според наше искуство е ултрасонографијата, ЕУС и соматостатин рецепторска сцинтиграфија.Конечно, со мултидисциплинарен пристап може да се донесе поголем придонес во дијагностиката и третманот на пациентите со ЗЕС.


Publisher: SHMSHM / AAMD


Relation: MEDICUS



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/9933
Identifier: 1409-6366
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/9933



TitleDateViews
ZOLLINGER-ELLISON СИНДРОМ : ПРИКАЗ НА СЛУЧАЈ201825