Home | Repositories | Statistics | About



Subject: глобално затоплување
Subject: здравје и безбедност при работа
Subject: висока температура


Year: 2016


Type: Article



Title: Климатски промени, феноменот на топлотни бранови и здравјето на работниците


Author: Јованка Караџинска - Бислимовска
Author: Јордан Минов
Author: Драган Мијакоски
Author: Сашо Столески
Author: Spasenovska, Margarita



Abstract: Климатските промени претставуваат закана за климатскиот систем што води до загрозување на екосистемите и еколошките интеракции, а научните докази за негативни последици на климатските промени врз здравјето и благосостојбата на луѓето, континуирано растат. Директните ефекти на климатските промени врз здравјето на луѓето се резултат на влијанијата на временските карактеристики, додека промените на водата, воздухот, квалитетот и количеството на храната, екосистеми, економија, земјоделство и инфраструктура доведуваат до индиректни ефекти. Додека влијанието на климатските промени врз јавното здравје, средината и човековата активност се релативно добро документирани, тоа не е случај со влијанието врз здравјето на работниците. Еден од феномените врзан за климатските промени, кој се повеќе научно се документира е зголемување на глобалните просечни температури и зголемена фреквенција на топлотните бранови на глобалното ниво. Негативните последици - топлотниот стрес и стапка на морталитет се директно поврзани-преку 80.000 дополнителни смртни случаи се проценуваат дека ќе се јават секоја година во земјите на ЕУ, со глобално покачување на средна температура за 30C во период 2071-2100 година. Вулнерабилните групи на населението се изложени на поголем ризик од смрт поради топлотен удар, кардиооваскуларни, бубрежни, респираторни и метаболни заболувања. Заедничката акција на клучните партнери за справување со несаканите ефекти на климатските промени врз здравјето на работниците, бара интерсекторски и мултидисциплинарен пристап, координација на активности и делување на повеќе нивоа (индивидуалнo ниво, претпријатие, локална самоуправа, национално ниво), активен систем за предупредување, препораки и акции, зголемување на јавната свест, комуникација и информација, конти- нуиран мониторинг и евалуација на спроведените активности.


Publisher: Лекарска комора на Македонија


Relation: Vox Medici



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/9853
Identifier: Караџинска - Бислимовска Ј, Минов Ј, Мијакоски Д, Столески С, Спасеновска М. Климатски промени, феноменот на топлотни бранови и здравјето на работниците. Vox Medici. 2016;90:428-432.
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/9853



TitleDateViews
Климатски промени, феноменот на топлотни бранови и здравјето на работниците201618