Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Нумениј, прв (втор, трет) бог, демиург, материја, постоење


Year: 2020


Type: Journal Article



Title: Учењето за боговите во онтологијата на Нумениј


Author: Тодоровска, Марија



Abstract: Во текстот се разгледани ставовите на Нумениј за статусот на двата, односно трите бога, во неговиот онтолошки систем. Во релација со изворното учење за трите бога накратко е споменат проблемот на неговата теориска инклинација кон Истокот, особено кон јудаизмот. Наведени се главните поенти од онтолошката заднина на поставувањето и карактеристиките на боговите – со поставувањето на Бог и Материјата, претпоставената хиерархизација на божественото според функциите, и статусот на демиургискиот принцип. Затоа, односот меѓу Првиот Бог и Вториот Бог, и можната поделеност на Првиот, или, поверојатно, Вториот Бог во два бога се разгледани низ соодветните примери од сочуваните фрагменти од делата на Нумениј. Покажана е дистинкцијата меѓу Првиот Бог, едноставен, самотен и фокусиран на себеси, и Бог кој е поделен на Втор и Трет Бог, односно космосот како производ на Вториот Бог. Идеите за поделеноста на Бог од страна на Материјата се накратко изложени, како и идеите за еквиваленцијата на Врховниот (Првиот) Бог со Доброто, и примањето на добрината од страна на Демиургот. Разгледани се тврдењата според кои може да се смета дека Првиот Бог, принципот на постоењето, владее со (сферата на) битието, а Вториот Бог, пак, со подрачјето на настанувањето. Површно се разгледани разлозите за сложеноста на теолошката концепција на Нумениј, и начините според кои конфузијата би можела да биде надмината.


Publisher: Филозофски факултет, Скопје


Relation: Годишен зборник на Филозофскиот факултет во Скопје



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/9821
Identifier: Тодоровска, М., „Учењето за боговите во онтологијата на Нумениј“, Годишен зборник на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирили и Методиј во Скопје, кн. 73, Скопје, 2020, 33-46.
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/9821



TitleDateViews
Учењето за боговите во онтологијата на Нумениј202029