Home | Repositories | Statistics | About





Year: 2018


Type: Article



Title: Граници на арбитрабилноста во правото на Република Македонија, анализа на споровите за надомест на штета предизвикана со клевета и навреда


Author: Дескоски Тони
Author: Доковски Вангел



Abstract: Со декриминализацијата на клеветата и навредата, преку донесување на новиот посебен закон за граѓанска одговорност за клевета и навреда во 2012 година, законодавцецот на Република Македонија ја отвори вратата за арбитражно решавање на споровите за надомест на штета кои произлегуваат од клевета и навреда. Со префрлање на одговороноста во корпусот на граѓанското право, се создаде ситуација да денес, во парнична постпака се одлучува и за квалификација на дејствијата како дејствија на клевета или навреда од една страна, но и за видот на штетата и висината на надоместокот на истата. Сетоа тоа предизвика свое влијание и врз арбитрабилнота на споровите кои се однесуваат на клеветата и навредата. Несомнено е дека станува збор за исклучиво граѓанско-правни односи за кои странките можат да договорат арбитража, и тоа како меѓународна (доколку постои странски елемент во односот) така и домашна (но само институционална арбитража, а не и ad hoc согласно органичувањето на ЗПП за кое авторите сметаат дека треба да биде ревидирано во најскоро време).


Publisher: Iustinianus Primus Law Faculty in Skopje


Relation: Годишник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, по повод 40 години од основањето на студиите по новинарство



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/9522
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/9522



TitleDateViews
Граници на арбитрабилноста во правото на Република Македонија, анализа на споровите за надомест на штета предизвикана со клевета и навреда201822