Home | Repositories | Statistics | About



Subject: меѓународно семејно право, правна сигурност, флексибилност, автономија на волјата, судир на законите


Year: 2016


Type: Article



Title: Теоретски аспекти на точките на врзувањето кај семејните односи со странски елемент


Author: Дескоски Тони
Author: Доковски Вангел



Abstract: Во современото меѓународно приватно право сè повеќе постои тренд на отстапување од традиционалниот начин на поставување на каскадни колизиони норми за регулирање на односите со странски елемент и нивна замена со принципот на автономија на волјата и принцпот на најтесна врска. На тој начин, се поставува следново прашање – дали денес принципот на автономија на волјата и принципот на најтесна врска се ,всушност, и начела на меѓународното приватно право? На полето на семејните односи со странски елемент постојано се води битка помеѓу два други принципа на меѓународното приватно право – принципот на предвидливост и принципот на флексибилност. Веднаш се поставува прашањето, кои прашања од семејноправната област почиваат на наведените принципи. Во овој текст авторите вршат анализа на класичните и современите точки на врзувањето кај семејните односи со странски елемент. Авторите поаѓаат од хипотезата дека државата е секогаш заинтересирана целосно да ги регулира семејните односи како односи кои претставуваат основа на едно општество и транзицијата од еден во друг вид на семејства со што начинот на регулирање го истакнува нејзиниот неприкосновен суверенитет при регулирање на односите. На полето на меѓународното приватно право, авторите започнуваат со анализа на основите на доктрината за статутарната поставеност на точките на врзувањето за семејните односи со странски елемент. Основната цел на овој труд е да се анализира можноста од примена на принципот на флексибилност во полето на семејните односи со странски елемент со зачувување на основите на принципот на правна сигурност кој е неприкосновен кај меѓународното семејно право. За таа цел, авторите ги разгледуваат теоретските аспекти на точките на врзувањето кај семејните односи со странски елемент.


Publisher: Iustinianus Primus Law Faculty in Skopje


Relation: Годишник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, во чест на проф. д-р Јане Миљовски, Том 54



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/9517
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/9517



TitleDateViews
Теоретски аспекти на точките на врзувањето кај семејните односи со странски елемент201620