Home | Repositories | Statistics | About



Subject: мпп, Регулатива Брисел I, меѓународна надлежност


Year: 2017


Type: Article



Title: Подрачје на примена на Регулативата Брисел I


Author: Дескоски Тони
Author: Доковски Вангел



Abstract: Во рамките на Европската Унија несомнен е брзиот развој на Меѓународното приватно право на Европската Унија. Секојдневната интензивна појава на граѓанско-правни и граѓанско-процесно-правни односи со странски елемент, неминовно ја наметна потребата од унификација на правилата на меѓународното приватно право. Во последните две децении, најзначајна еволуција на меѓународното приватно право можеме да ја забележиме токму преку анализа на меѓународното приватно право на Европската Унија. При тоа, создавањето на единствени правила за меѓународна надлежност во граѓански и трговски работи е една од областите каде се бележи најзначаен успех. Преку Регулативата Брисел I (Новела), се поставени темелите за натамошна изградба на единствен судски систем и слободно движење на судските одлуки. Но, за да може да се постигне таа цел, потребно е да се почитува суверенитетот на државите од една страна, да се разбере потребата на субјектите на правото, од друга страна, и да се поттикне меѓусебната доверба помеѓу правосудствата на државите членки. Заради тоа, и при изработката на Регулативата Брисел I (Новела), користен е пристап кој врши помирување на разликите помеѓу правните системи на државите членки. Успешното функционирање на Бриселката конвенција, ја наметна потребата од задржување на нејзината структура и од натамошно одржување во живот на одредбите кои го определуваа досегот на примената на конвенциските правила. Преку определување на подрачјето на примена, во суштина се поставуваат границите во кои се создава единствен судски простор. Така, со помош на Регулативата Брисел I (Новела), создаден е единствен простор во рамките на судската надлежност и признавањето и извршувањето на одлуки во граѓански и трговски работи, притоа негативното определувајќи го поимот граѓански и трговски работи.


Publisher: Iustinianus Primus Law Faculty in Skopje


Relation: Годишник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, во чест на проф. д-р Марјан Марјановски Том 56



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/9506
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/9506



TitleDateViews
Подрачје на примена на Регулативата Брисел I201723