Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Вонредна состојба, правен поредок, човекови права и слободи


Year: 2020


Type: Article



Title: ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА КАКО ПРАВЕН ПРЕДИЗВИК – СКИЦА НА КРИТИЧКИ РАЗМИСЛУВАЊА


Author: Спасов, Александар Љ.



Abstract: Констатацијата на контроверзниот германски теоритичар на државата и правото Карл Шмит дека „суверен е оној кој одлучува за состојба на исклучок“ во неговата „Политичка теологија“ од 1922 година е, веројатно, најпрецизното (и најмалициозното) посочување кон најголемиот предизвик за едно демократско правно и политичко устројство: имено, состојбите на исклучок (вонредната и воената состојба) се карактеризираат со управување (владеење) по пат на декрети. Декретите се директна негација на системот на поделба на власта, како и на рамнотежата и меѓусебната контрола на различните гранки на јавната власт (пред сè, на законодавната и на извршната власт). Нашата држава од 18.3.о.г. се наоѓа во вонредна состојба. Вонредната состојба беше „утврдена“, односно прогласена од страна на Претседателот на Републиката бидејќи претседателот на Собранието го информираше Претседателот на државата дека Собранието не е во можност да одржи седница и да одлучува по предлогот на Владата на РСМ, поради претходно донесената одлука за распуштање на Собранието. По истекот на триесетте дена за кои беше утврдено постоење на вонредна состојба, Претседателот, бидејќи немаше уставен основ за продолжување на вонредната состојба, одлучувајќи по нов предлог на Владата, донесе нова одлука за утврдување на постоење на вонредна состојба за период од 30 дена. Оваа скица на анализа има за цел критички да се осврне на неколку практични правни предизвици, меѓу многуте други, кои се јавија во текот на постоењето на вонредната состојба. Иако се работи за практични дилеми, тие, според мислењето на авторот, мора да бидат основа за широка доктринарна дискусија, а од таа дискусија треба да произлезат практични правни решенија. Во таа насока, се анализира правната уреденост на вонредната состојба, односот меѓу вонредната состојба и системот на управување со кризи (кризниот менаџмент) и ограничувањето на човековите права и слободи како последици на вонредната состојба.


Publisher: Правен факултет „Јустинијан Први“, УКИМ


Relation: Зборник на трудови „ПРАВНО-ПОЛИТИЧКИ И ЕКОНОМСКИ ДИСКУРС ВО ВРЕМЕ НА COVID-19“



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/9308
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/9308



TitleDateViews
ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА КАКО ПРАВЕН ПРЕДИЗВИК – СКИЦА НА КРИТИЧКИ РАЗМИСЛУВАЊА202023