Home | Repositories | Statistics | About



Subject: родителски стил, степен на образование, функционалност на семејство, рана возрасна доба


Year: 2017


Type: Journal Article



Title: Родителски стилови кај лица од рана возрасна доба со различен степен на образование и функционалност на семејството


Author: Фрицханд, Ана
Author: Киткањ, Зоран
Author: Милошевска, Соња



Abstract: Во овој труд се испитуваат разликите во родителските стилови кај лица од рана возрасна доба со различен степен на образование, кои живеат во функционални, односно во дисфункционални семејства. Во истражувањето се опфатени вкупно 160 испитаници, на возраст од 25 до 40 години, од кои 80 живеат во функционални семејства, а 80 живеат во дисфункционални семејства. Според степенот на образование, испитаниците се поделени на три групи - со завршено основно образование (N=33), со завршено средно образование (N=89) и со више и високо образование (N=38). Фокусот на мерењето е насочен кон авторитарниот, попустливиот, занемарувачкиот и авторитативниот родителски стил. Добиените резултати се во согласност со поголемиот број истражувања на оваа тема. Имено, лицата со понизок степен на образование почесто ги практикуваат авторитарниот, попустливиот и занемарувачкиот родителски стил, во споредба со лицата со високо образование кај кои овие стилови се поретко застапени, а најчесто се практикнува авторитативниот (демократски) родителски стил. Исто така, родителите кои потекнуваат од функционални семејства значително повеќе го практикуваат авторитативниот стил, во споредба со родителите од дисфункционалните семејства, кои почесто го практикуваат авторитарниот, односно попустливиот родителски стил.


Publisher: Здружение за теорија и практика на образованието „Образовни рефлексии“ - Скопје


Relation: Списание за теорија и практика на образованието Просветно дело



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/8631
Identifier: Фрицханд, А., Киткањ, З., Милошевска, С. (2017). Родителски стилови кај лица од рана возрасна доба со различен степен на образование и функционалност на семејството, Списание за теорија и практика на образованието Просветно Дело, 70, 5, 20-35 UDK: 37.064.1-057
Identifier: 0350-6711
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/8631



TitleDateViews
Родителски стилови кај лица од рана возрасна доба со различен степен на образование и функционалност на семејството201721