Home | Repositories | Statistics | About



Subject: дијабетична ретинопатија
Subject: хипергликемија
Subject: патофизиолошки механизми
Subject: фактори на ангиогенеза
Subject: анти VEGF (vascular endothelial growth factor)


Year: 2017


Type: Article



Title: АКТУЕЛЕН ПОГЛЕД ВО ПАТОГЕНЕЗАТА НА ДИЈАБЕТИЧНАТА РЕТИНОПАТИЈА И НЕЈЗИНАTA ПРОГРЕСИЈА


Author: Голубовиќ М
Author: Шекеринов Н



Abstract: Diabetes mellitus (DM) е заболување со епидемиски размери во современиот свет чии тренд постојно е во прогресија. Дијабетичната ретинопатија како компликација е меѓу водечките причини за губитокот на видот во развиените земји, но и глобално. Веќе десетици години се истражуваат можните механизми кои се инволвирани во настанувањето на комликациите од патофизиолошки механизми веќе се базираат на молекуларно ниво. Цел на трудот е од аспект на авторот да се даде систематизиран пресек од постоечката литература за комплексните механизми кои се значајни за развојот на дијабетичната ретинопатија и нејзината прогресија. Имено, елаборирајќи ги, ќе се посочат и современите медикаментозни терапски можности во превенцијата на прогресијата на компликациите и третманот на истите. Заклучок: Неспорна е комплексноста на патофизиолошките процеси во развојот на дијабетичната ретинопатија. Обиди на делување со медикаменти на некои од системските параметри декленширачки на “cirkulus vitiosus” на патофизиолошките каскади или супстанци инволвирани во сигналните активности не ги исполниле очекувањата па дури и администрацијата на некои од нив покажале несакани ефекти. Последната декада активности и сознаниа на тоа поле вроди со можност за локална интраокуларна примена на медикаменти кои ќе ги модулираат патофизиолошките процеси и ќе влијаат на подобрување и успорување на промените на ретината кај дијабетот. И покрај значителните резултати истражувањата продолжуваат.


Publisher: SHMSHM / AAMD


Relation: MEDICUS



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/8591
Identifier: 1409-6366
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/8591



TitleDateViews
АКТУЕЛЕН ПОГЛЕД ВО ПАТОГЕНЕЗАТА НА ДИЈАБЕТИЧНАТА РЕТИНОПАТИЈА И НЕЈЗИНАTA ПРОГРЕСИЈА201719