Home | Repositories | Statistics | About



Subject: ревматоиден артритис (RA)
Subject: периферен улцеративен кератитис (PUК)
Subject: склеромалација
Subject: ОЦТ на преден сегмент (OCT - AS)


Year: 2019


Type: Article



Title: ОКУЛАРНИ МАНИФЕСТАЦИИ КАЈ ПАЦИЕНТКА СО РЕВМАТОИДЕН АРТРИТИС


Author: Велковска Б
Author: Трпевска Шекеринов Н
Author: Иванова М



Abstract: Ревматоидниот артритис (RA) е системско заболување со автоимуна етиологија и со манифестации во многу органи. Офталмолошките презентации вклучуваат синдром на суво око (секундарен Сјогрен-ов синдром), еписклеритис, склеритис и периферен улцеративен кератитс (PUК). Најчест окуларен симптом кај RA е суво око кој се јавува кај 9-31% од пациентите. Фреквенцијата на јавување на склеритис е кај околу 0.15-6.3%. Увеитисот е ретка компликација кај возрасни со RA. Периферниот улцеративен кератитис (PUК) е тешка компликација на ревматоиден артритис (RA) што може да доведе до брза деструкција на рожницата – мелтинг и перфорација со губење на видот. Установено е дека е предвесник на системскиот васкулитис и носи висока стапка на смртност, доколку не се лекува агресивно. Склеромалација перфоранс е исто тешка комликација која ретко завршува со пефорација, иако името асоцира на спротивното, меѓутоа води до губиток на видот. Потребен е агресивен третман и соработка меѓу офталмолозите и ревматолозите за да се постигне стабилизација на состојбата и сочувување на видната острина. Цел на трудот е експлицитен приказ на случај со периферен улцеративен кератитис и склеромалација како окуларна компликација резултат на долгоперзистирачки ревматоден артритис, да се насочи вниманието на истото, што би имало едукативно значење за лекарите кои се занимаваат со патологија на предниот сегмент на окото.


Publisher: SHMSHM / AAMD


Relation: MEDICUS



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/8587
Identifier: 1409-6366
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/8587



TitleDateViews
ОКУЛАРНИ МАНИФЕСТАЦИИ КАЈ ПАЦИЕНТКА СО РЕВМАТОИДЕН АРТРИТИС201925