Home | Repositories | Statistics | About



Subject: епидемиологија,
Subject: интоксикации,
Subject: регистар


Year: 2018


Type: Proceeding article



Title: ЕПИДЕМИОЛОШКИ ПРОФИЛ НА АКУТНИ ТРУЕЊА РЕГИСТРИРАНИ НА КЛИНИКА ЗА ТОКСИКОЛОГИЈА, СКОПЈЕ, ВО ПЕРИОДОТ 2010-2017 ГОДИНА


Author: Переска Ж
Author: Беќаровски Н
Author: Чапароска Д
Author: Поповски Н
Author: Чибишев А
Author: Петровски Д
Author: Петковска Л



Abstract: Вовед: Акутните труења со медикаменти, хемикалии, алкохоли, ПАС и други токсични субстанции се значаен медицински и социјален проблем. Цел на студијата е да ги прикаже акутните интоксикации регистрирани на ЈЗУ УК за Токсикологија во периодот од 2010-2017 год. според демографски обележја, етиологија, вид на средство и застапеност на амбулантски/хоспитално лекувани интоксикации. Метод: ретроспективна студија која вклучува акутни интоксикации кај 10756 пациенти, забележани во Регистарот на труења на Клиниката за токсикологија.Податоците се собирани според истории на болест, медицинските дневници и извештаји од ургентната амбуланта на Клиниката за токсикологија и пријавените акутни интоксикации на Клиниката по електронска или редовна пошта. Резултати: Во периодот 2010-2017 год на Клиниката за токсикологија се регистрирани вкупно 10756 акутни труења со медикаменти, хемикалии, психоактивни супстанци, растенија и артроподи. Најголем број на труења се регистрирани во 2013 год (1492 пациенти). Од сите регистрирани интоксикации, најзастапени се труења во возрасната група (20-74 год) со највисока партиципација во годишниот збир во 2015 год (86,2%). Суицидалните идеји се најчест мотив за реализација на акутните труења во сите години, но најмногу се застапени во 2015 год (57,2%). Половата дистрибуција покажува незначајна разлика во партиципацијата на машкиот и женскиот пол (49,5% мажи vs. 50,5% жени) во вкупниот број на пациенти. Повеќе од половина од третираните пациенти се амбулантски лекувани, со највисока застапеност на амбулантско лекување во 2016 год (68.9%), а најмногу хоспитално третирани интоксикации се во 2011 год (54,9%) Најчесто застапени во сите обсервирани години се труења со медикаменти (42,9%) со највисок процент на учество во вкупниот годишен број на интоксикации во 2011 год (51,1%). Бензодијазепините се и понатаму најчесто употребуван фармацевтски препарат (54,46%) од сите медикаментозни интоксикации со најголема застапеност во 2015 год (67,9%). Акутни алкохолни интоксикации во периодот 2010-17 год се на второ место според својата средна застапеност од 26,31%, а најголема застапеност во вкупниот број на труења се забележува во 2014 год.( 35,1%). Хемикалиите се на третата позиција според фрекевенцијата на јавување (25,1%) и тоа најчести се корозивните труења, со средна застапеност од 51,9% во вкупниот број на труења со хемикалии. Предозираност од ПАС и несакани ефекти од употреба на ПАС се регистрирани кај 1,1% од случаите со намалување на предозираност од хероин, но пораст на регистрирани случаји на несакани ефекти од употреба на кокаин и марихуана, вклучително употребата на марихуана со медицинска индикација, амфетамини и МДМА. Заклучок: Медикаментозните интоксикации се и понатаму најчести интоксикации но и бројот на акутни интоксикации со корозивни средства останува значаен проблем во секојдневната пракса. Акутните алкохолни интоксикации го одржуваат својот тренд на застапеност и покрај превентивните мерки превземени од државата; истовремено се забележува пораст на бројот на третирани пациенти поради употреба на кокаин, марихуана, амфетамини и МДМА.


Publisher:


Relation: Abstract Book - Trends of Toxicology



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/8564
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/8564



TitleDateViews
ЕПИДЕМИОЛОШКИ ПРОФИЛ НА АКУТНИ ТРУЕЊА РЕГИСТРИРАНИ НА КЛИНИКА ЗА ТОКСИКОЛОГИЈА, СКОПЈЕ, ВО ПЕРИОДОТ 2010-2017 ГОДИНА201829