Home | Repositories | Statistics | About



Subject: хероин,
Subject: никотин,
Subject: зависност,
Subject: Бринкман индекс,
Subject: липиди


Year: 2011


Type: Article



Title: Нарушување на серумскиот липиден профил под кумулативно влијание на кумулативниот ефект на пушењето цигари кај ХЦВ негативни хероински зависници


Author: Жанина Переска
Author: Божиновска Ц
Author: Димитриевски Ч
Author: Здравковска М
Author: Чибишев А
Author: Петковска Л
Author: Бабуловска А
Author: Јуруков И



Abstract: Хероинската зависност е придружена со зависност од никотин, при што двете состојби предизвикуваат патофизиолошки механизми со резултантно нарушување на серумскиот липиден профил. Целта на студијата беше да го процени кумулативното влијание на пушењето цигари врз серумскиот липиден профил кај хероински зависници кои беа серолошки негативни на хепатитис Ц инфекција и имаа уреден БМИ. Материјал и метод: во студијата која е пресечна и проспективна, без споредени вредностите на TGL, LDL-C, HDL-C, apoA-I и apoB кај 70 хероински зависници поделени во 2 групи:група 1 со кумулативен ефект на пушење цигари-Бринкман индекс (БИ) ≤ 240, и група 2 со висок БИ ≥240, како и трета контролна група, непушачи. Групата со висок БИ во однос на групата со низок БИ манифестираше статистички значајно повисоко ниво на TGL (1,91 ± 0,96 vs. 1,25 ± 0,63) и статистички незначајно зголемување на LDL-C (2,57 ± 0,72 vs 2,95 ± 1,22) со apoB (0,75 ± 0,24 vs. 0,57 ± 0,15). Порастот на LDL-C беше модулиран само со возраста на пациентите,а не од кумулативниот индекс на пушење. Во групата со висок БИ споредено со контролната група беше регистрирано статистички значајно намалување на нивоата на HDL-C ( 1,05 ± 0,28 vs. 1,60 ± 0,51) и apoA-I ( 1,23 ± 0,25 vs. 1,61 ± 0,28). Од сите опсервирани параметри, apoB најсилно корелираше со БИ ( ρ = 0,47, p= 0,000). Заклучок: пушењето цигари придонесува за појава на зголемени вредности на TGL, apoB и за снижување на HDL-C и apoA кај ХЦВ негативни хероински зависници со уреден БМИ. Овој тип нарушувања на серумскиот липиден профил создаваат предуслови за развој на зголемен кардиоваскуларен ризик како дополнителен медицински проблем кај оваа популациона група.


Publisher: Medical Faculty, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje


Relation: Physioacta



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/8551
Identifier: 1857-5587
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/8551
Identifier: 5
Identifier: 1



TitleDateViews
Нарушување на серумскиот липиден профил под кумулативно влијание на кумулативниот ефект на пушењето цигари кај ХЦВ негативни хероински зависници201119