Home | Repositories | Statistics | About



Subject: стил, превод, оригинал, преведувач, когнитивна улога, стилски ефект


Year: 2018


Type: Article



Title: Стилот и преведувањето низ призмата на когнитивната улога на преведувачот како примател на текстот при креативниот процес


Author: Ѓурчевска-Атанасовска, Катарина и Соња Китановска-Кимовска



Abstract: Во овој труд се третира комплексната природа на врската помеѓу стилот и преведувањето. Имајќи го предвид фактот дека оваа тема е многу малку истражувана, целта на трудот е да се потенцира важноста на когнитивната улога на преведувачот како примател на текстот при креативниот процес кој подразбира преведување книжевни текстови. Преку споредбена анализа на преведени литературни текстови од англиски на македонски јазик, се акцентира перспективата и важноста на примателот на текстот (преведувачот) при восприемањето на стилскиот ефект од оригиналот и при начинот на кој тој се пренесува или се менува во преводот, што влијае на квалитетот на преводот генерално. Ваквиот пристап кон преведувањето ја акцетира улогата на преведувачот како читател во текот на креативниот процес, а поттикнува и други прашања како што се стилот на самиот превод како одраз на изборите на преведувачот и неговиот стилски ефект врз останатите читатели.


Publisher: Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, Филолошки факултет


Relation: ПАЛИМПСЕСТ



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/8305
Identifier: 2545-3998
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/8305



TitleDateViews
Стилот и преведувањето низ призмата на когнитивната улога на преведувачот како примател на текстот при креативниот процес201830