Home | Repositories | Statistics | About



Subject: самооценување, оценување колега, настава по преведување


Year: 2017


Type: Article



Title: Валидноста на самооценувањето и оценувањето колега како дел од формалниот процес на оценување во наставата по преведување


Author: Китановска-Кимовска, Соња



Abstract: Во науката за високото образование како и во науката за наставата по преведување познати се придобивките за студентите во процесот на учење од користењето методи како самооценување (СО) и оценување колега (ОК). Меѓутоа, науката не посветила многу внимание на можноста да се користат овие методи во формалниот процес на оценување. Во овој труд се насочуваме токму на тоа прашање. Користејќи експериментален метод, ја испитуваме валидноста на самооценувањето и оценувањето колега како методи на оценување во однос на оценувањето од страна на наставник. Освен тоа, со анкета го испитуваме мислењето на студентите во однос на искуството од процесот и можните придобивки од него. Резултатите покажуваат дека самооценувањето и оценувањето колега не се валиден метод на оценување. Студентите сметаат дека овие методи се мошне корисни како педагошка алатка за потребите на учењето, но не веруваат дека тие би биле корисни во формалниот процес на оценување.


Publisher: Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје


Relation: Зборник на трудови од Меѓународниот научен собир „Евалуацијата во наставата по странски јазици и книжевности“, одржан на 12 септември 2016 г. во Скопје, Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/8303
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/8303



TitleDateViews
Валидноста на самооценувањето и оценувањето колега како дел од формалниот процес на оценување во наставата по преведување201721