Home | Repositories | Statistics | About



Subject: дентален плак,
Subject: гингивална инфламација,
Subject: ортодонтски аномалии


Year: 2018


Type: Article



Title: Влијанието на ортодонтските аномалии врз појавата на гингивалната инфламација


Author: Наташа Тошеска-Спасовa
Author: Илбер Балажи
Author: Билјана Џипунова
Author: Елена Созовска
Author: Катерина Тошеска-Трајковска
Author: Зоран Спасов



Abstract: Освен микроорганизмите од денталниот плак, кои се основни чинители во етиологијата на гингивалната инфламација, локален ризик-фактор кој има големо влијание врз клиничката експресија на инфламацијата се ортодонтските аномалии, бидејќи создаваат услови за поголема акумулација на денталниот плак. Целта на трудот е да се утврди влијанието на ортодонтските аномалии - збиеност и отворен загриз, како локални ризик-фактори во однос на акумулацијата на денталниот плак кој е примарен етиолошки фактор во етиопатогенезата на гингивалната инфламација и да се утврди патолошкото влијание на денталниот плак врз гингивалното ткиво, преку евидентирање на индексот на гингивална инфламација (ИГИ) и индексот на гингивално крвавење (ИГК). Материјал и методи: За таа цел беа опсервирани 60 пациенти со ортодонтски аномалии, од кои 30 со збиеност и 30 со отворен загриз. Како контролна група беа вклучени 30 испитаници без ортодонтски аномалии. Кај сите испитувани групи беше проследен индексот на дентален плак (ИДП), индексот на гингивална инфламација (ИГИ) и индексот на гингивално крвавење (ИГК). Резултатите покажаа дека постои статистички значајна разлика во вредностите на ИДП, ИГИ и ИГК помеѓу испитаниците со ортодонтски аномалии и испитаниците без ортодонтски аномалии. Добиените резултати укажуваат на фактот дека ортодонтските аномалии се ризик фактор за појавата на гингивална инфламација која е вовед во пародонталната болест. Кај пациентите со ортодонтски аномалии, неопходна е едукација, мотивација и користење на соодветни механички и хемиски средства за одржување на добра орална хигиена, со цел да се заштити веќе афектираниот пародонтален комплекс.


Publisher: Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија


Relation: Архиви на јавно здравје = Archives of public health



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/8244
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/8244



TitleDateViews
Влијанието на ортодонтските аномалии врз појавата на гингивалната инфламација201820