Home | Repositories | Statistics | About



Subject: хероинска зависност,
Subject: метадонски третман,
Subject: бупренорфински третман,
Subject: компарација


Year: 2015


Type: Article



Title: THERAPEUTIC APPROACH WITH BUPRENORPHIN AND METHADONE IN HEROIN ADDICTION


Author: Babulovska A
Author: Velikj Stefanovska, Vesna
Author: Jurukov I.
Author: Simonovska, Natasha
Author: Pereska, Zanina



Abstract: Oвој труд има за цел да ги спореди искуствата од терапискиот пристап со бупренорфин односно метадон при зависност од хероин. Maтеријал и методи: Истражувањето е проспективно рандомизирано, контролирано. Спроведено е на Универзитетската Клиника за Токсикологија и Центарот за зависности. Со истражувањето се опфатени вкупно 140 зависници од хероин поделени во две групи од по 70 испитаници кои минимум три месеци пред почетокот на истражувањето биле доброволно вклучени на супституционен третман со бупренорфин (испитувана група) односно метадон (контролна група). Во двете групи следена е: просечната доза на одржување како и влијанието на времетраењето на зависноста од хероин врз висината на просечната доза на одржување. Резултати: Постои сигнификантна разлика од две години (t-test<0,05), во однос на просечното времетраење на злоупотребата на хероин помеѓу испитуваната (5,9±2,3) и контролната група (7,8±2,4). Согледана е позитивни, односно директни корелација помеѓу просечното времетраење на користење на хероин и просечната доза на одржување на бупренорфин односно метадон при третман на хероински зависници. Заклучок: Соодветната доза на бупренорфинот и метадон во индукционата фаза е критичниот фактор за успешноста во лекувањето на хероинските зависници. Ниските дози на бупренорфин и метадон во фазата на оджување ја зголемуваат “гладта“ за хероин, со што се објаснува зголемениот процент на рецидиви. Постои позитивна корелација помеѓу историјата на просечното времетраење на користење на хероин и просечната доза на одржување на бупренорфин односно метадон при третман на хероински зависници


Publisher:


Relation: Medicus



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/8141
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/8141



TitleDateViews
THERAPEUTIC APPROACH WITH BUPRENORPHIN AND METHADONE IN HEROIN ADDICTION201513