Home | Repositories | Statistics | About



Subject: злосторства против жените, трибунали, јуриспруденција


Year: 2019


Type: Article



Title: Злосторствата против жените во вооружени конфликти - јуриспруденциски новели и перспективни предизвици


Author: Каролина Ристова - Астеруд



Abstract: Трудот прави систематизиран осврт и онтолошка анализа на казнено-правните новели во рамки на меѓународното хуманитарно право во однос на злосторствата против жените во вооружени конфликти, временски опфаќајки го периодот по Втората светска војна, од работата на Нинбершкиот и Токискиот воен суд од 1945 и 1946 година респективно, Женевските конвенции од 1949 година, па се до Статутот на Меѓународниот кривичен суд од 1998 година. Клучната специфичност на тие новели е нивната обликуваност и внесување во правниот поредок по пат на судски активизам и придружната методологијата на судиско толкување во работата на ад-хок кривичните трибунали, попознати како Хашки и Руандски трибунал, воспоставени во 1993 и 1994 респективно. Како што се аргументира, таквиот пристап преставува своевидно отстапување од вообичаената претпазливост во областа на (меѓународното) казнено право да се претпочита методологијата на правно-позитивниот пристап на толкување на „тврдото право“, и истиот преставува предмет на придружна анализа во трудот. Заклучно, трудот ги идентификува клучните предизвици кои и натаму остануваат неадресирани во казнено-правниот пристап кон овој тежок облик на злосторства во вооружените конфликти.


Publisher: Македонска ревија за казнено право и криминологија


Relation: Македонска ревија за казнено право и криминологија



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/7795
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/7795
Identifier: http://www.maclc.mk/publicationyear/12



TitleDateViews
Злосторствата против жените во вооружени конфликти - јуриспруденциски новели и перспективни предизвици201924