Home | Repositories | Statistics | About



Subject: неменливи изрази, модуланти, терминологија, превод, еквиваленти


Year: 2019


Type: Article



Title: Неменливите изрази во книжевниот превод од полски на македонски јазик


Author: Танушевска, Лидија



Abstract: Во овој труд се разгледуваат неменливите зборови и изрази како модифи­катори на значењето на текстот. Се служиме со полскиот термин модулант и класификацијата на модулантите според М. Гроховски, затоа што терминот е прифатен во полската наука за преводот како заеднички за единици од рамништето на текстот, чија категоријално-граматичка природа е разнородна: од традиционалните партикули, генетичките прилози, некои заменки, често­пати и предлози, па дури и до интенционални сврзници, како и цели јазични фрази. Анализата се заснова на примери од полски книжевни дела и нивните еквиваленти во македонскиот превод, односно на разликите во преводот врз основа на значенските нијанси што ги внесуваат модулантите. Тие се инте­ресни во поглед на преводот, бидејќи внесуваат нијанси во значењето на текстот, како на пример, логичка валоризација, модална оцена, вмешаноста на гово­рителот во содржината на текстот и сл. Јазичните еквиваленти не се секогаш функционално соодветни на дополнителните значенски нијанси, па затоа се појавуваат разлики во преводот. Тие разлики произлегуваат поне­ко­гаш поради употребата на функционално несоодветни еквиваленти, а поне­ко­гаш и поради испуштањето на овие „факултативни“ елементи, што се должи на погрешното традиционално лингвистичко сфаќање дека се небитни за текс­тот. Анализата има цел да го покаже токму спротивното, односно дека тие се важни за текстот и, особено, за преводот.


Publisher: Филолошки факултет „Блаже Конески“


Relation: Современа филологија 2 (2)



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/7740
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/7740
Identifier: 10.37834/JCP 1920049t



TitleDateViews
Неменливите изрази во книжевниот превод од полски на македонски јазик201927