Home | Repositories | Statistics | About



Subject: емиграција, наратив, репортажа, факти, стил


Year: 2018


Type: Article



Title: Наративот на фактите (Лидија Димковска vs Мариуш Шчигел)


Author: Танушевска, Лидија



Abstract: Во овој текст се сопоставуваат двајца прозни автори, едниот македонски, другиот полски, кои пишуваат различно, но се преклопуваат во поглед на емиграцијата како животна определба која донекаде го формулира нивното творештво, како и во поглед на фактите кои се главен елемент во композицијата на нивните дела. Имено, делата на Мариуш Шчигел спаѓаат во т.н. литературна репортажа, односно во литературата на фактите, а Лидија Димковска пишува фиктивни романи. Токму таа разлика во пишувањето ги прави интересни за споредба, бидејќи како заеднички именител за двете писма се појавува наративот. Правилата на јазичното модулирање на раскажувањето ја доближуваат репортажата на Шчигел до уметничката литература, а вплетувањето на фактите во романот на Димковска се вкрстува со нефиктивната литература. И двете дела заокружуваат една фактивна слика за дадената земја.


Publisher: Филолошки факултет „Блаже Конески“


Relation: Folia Philologica Macedono-Polonica 9-10



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/7726
Identifier: 1897-5607
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/7726



TitleDateViews
Наративот на фактите (Лидија Димковска vs Мариуш Шчигел)201823