Home | Repositories | Statistics | About



Subject: терминологија, стандардизација, терминолошки бази на податоци, Евровок


Year: 2018


Type: Proceedings



Title: Усогласување на терминологијата на Европската Унија преку Евровок


Author: Саздовска Пигуловска, Милена



Abstract: Дигиталните технологии имаат огромно влијание врз процесот на преведување, особено преку тоа што се менуваат конвенционалните начини и алатки за преведување и доаѓа до сè поголема примена на електронски, односно онлајн алатки. Тоа е особено видливо при истражување терминологија и тоа преку напуштање на класичните речници во печатена форма и зголемена примена на повеќејазични терминолошки бази на податоци кои се наоѓаат на интернет. Од друга страна, специјализираната комуникација во определена стручна област се одликува со голема динамичност што се одразува преку постојаното воведување нови термини за означување на современи концепти, наспроти излегувањето од употреба и застарување на други термини. Тоа е особено случај со Европската Унија, којашто претставува повеќејазична, но и мултикултурна средина. Оттука, преведувачите во ЕУ се соочуваат со предизвикот на стандардизација и примена на усогласени ресурси за терминологија. Предмет на истражување во овој труд е еден од начините за усогласување на терминологијата од областа на Европската Унија.


Publisher: Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје


Relation: Годишен зборник на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, книга 43-44



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/7640
Identifier: 1409-8571
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/7640



TitleDateViews
Усогласување на терминологијата на Европската Унија преку Евровок201834