Home | Repositories | Statistics | About



Subject: преведување, семантичка еквиваленција, правна терминологија, преведувачки постапки


Year: 2019


Type: Proceedings



Title: Предизвици со постигнување преводна еквиваленција при преведување носоздадена правна терминологија


Author: Саздовска Пигуловска, Милена



Abstract: Терминологијата претставува збир на поими и термини со специјализирана употреба во определена област и се издвојува како посебна интердисциплинарна гранка. Употребата на специјализиран вокабулар е неопходна за ефикасна комуникација во определена стручна област. Терминолошката работа опфаќа собирање, дефинирање и компјутерско документирање специјализиран вокабулар (анг. computerized terminology extraction and management), при што од клучно значење при креирањето нова терминологија или при преведувањето терминологија од друг јазик е процесот на стандардизација од страна на терминологисти, но и стручњаци во областа. Терминологијата се разликува од семантиката бидејќи втората го истражува значењето на зборовите, коешто не постои независно од зборот (Felber во Temmerman, 2000: 5). Поточно, семантиката се занимава со односот меѓу називот и значењето, а терминологијата со односот меѓу предметите што постојат и поимите што ги претставуваат (Cabre, 1999: 5-6). Токму оттука произлегуваат и предизвиците и тешкотиите при преведување стручна терминологија од еден на друг јазик, а со којашто се означуваат поими што не постојат истовремено во двата јазика. Ова е особено случај со различни општествено-политички системи и традиции меѓу коишто постојат значителни разлики коишто не се само од терминолошки аспект, туку пред сé од аспект на поимите што ги означуваат. Овој труд се занимава со истражување термини од правната област со коишто, пред сé, се означуваат поими што не се карактеристични за македонскиот правен систем и организација и претставуваат голема тешкотија за преведувачите.


Publisher: Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје


Relation: Годишен зборник на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, книга 45



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/7638
Identifier: 1409-8571
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/7638



TitleDateViews
Предизвици со постигнување преводна еквиваленција при преведување носоздадена правна терминологија201932