Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Метафора, терминолошка лексика, научен функционален стил


Year: 2016


Type: Proceeding article



Title: Употребата на метафори во научниот функционален стил (преку примери од научно-учебничкиот потстил)


Author: Саздовска Пигуловска, Милена



Abstract: Кај голем број автори преовладува ставот дека можноста за метафоризација на изразот не е присутна кај научниот функционален стил. Генерално се смета дека кај овој стил преовладува терминолошка лексика што служи за означување логички формулирани поими (Минова-Ѓуркова, 2003), а којашто се употребува со нејзиното основно значење со оглед на тоа што се одликува со еднозначност и неутралност. Главна цел на овој труд е да покаже дека употребата на определени стилски фигури (особено метафори) е карактеристична и за научниот функционален стил во кој и покрај терминолошката и професионалната лексика е присутен метафоричен и метонимиски начин на изразување. Поточно, врз основа на одбрани примери може да се покаже дека покрај основното значење, термините може да имаат и вторично значење што се добива со преосмислување, при што новите преосмислени значења на зборовите претставуваат преносни значења. За таа цел фокусот во трудот е насочен кон научно-учебничкиот потстил, односно анализата се врши врз современ корпус од книги и учебници од економско-финансиската област (кои се од странски и македонски автори) и од кои се издвојуваат многубројни примери за метафорично изразување и покрај апстрактноста и објективноста (Tošović, 2002).


Publisher: Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје


Relation: Деветтиот научен собир на „Млади македонисти“



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/7590
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/7590



TitleDateViews
Употребата на метафори во научниот функционален стил (преку примери од научно-учебничкиот потстил)201618