Home | Repositories | Statistics | About



Subject: економски криминал, пазар, казнено дело, инкриминации


Year: 2017


Type: Article



Title: За неконзистентноста на инкриминациите за економските казнени дела


Author: Tupanceski, Nikola; Deanoska - Trendafilova, Aleksandra



Abstract: Економскиот криминал е еден од најсериозните облици во феноменологијата на криминалот во Република Македонија и тој има јасни карактеристики на организиран криминал, со мултидисцилинарна димензија. Имено, неговата теоретска елаборација, како и практичното постапување во функција на казненоправна репресија, нужно претпоставува анализа на пазарот и познавање на низа стопански и финансиски параметри. Во врска со економските казнени дела, поточно во делот на нивното инкриминирање, една од тешкотиите во процесирањето на ваквите предмети е отсуството на прецизни дефиниции на централните поими на едно економско казнено дело, како и изедначувањето на поимите „службено лице“ и „одговорно лице“. Друго проблематично подрачје е систематиката на економските инкриминации кои ги отсликува дисперзија во повеќе глави од КЗМ; дополнително бројката на економски инкриминации во вонкривичните прописи е доста висока, а најголемиот дел од нив се некомплементари со одредбите од КЗ; Честите измени и дополнувања на КЗМ кои не ја одминаа и оваа сфера, за жал не ја следат доследно еволуцијата и воопшто случувањата во економските односи во нашата држава; критика заслужуваат низа постојни инкриминации кои најчесто не се ни применуваат, а КЗ последниве години беше „збогатен“ и со низа чудни решенија за нелогични и непознати дела во компаративното право. Оттука, системот на економски инкриминации треба да биде предмет на сериозна ревизија, како впрочем и целиот Кривичен законик.


Publisher: Институт за правно-економски истражувања и едукација, Јуридика Прима


Relation: 3-тата меѓународна научна конференција на Охридската школа на правото, 2017 година



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/7532
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/7532



TitleDateViews
За неконзистентноста на инкриминациите за економските казнени дела201715