Home | Repositories | Statistics | About



Subject: изложеност на бучава, ниво на бучава, „Интернет на нештата“, LoRaWAN


Year: 2019


Type: Article
Type: Proceeding article



Title: ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА НИВОТО НА ИЗЛОЖЕНОСТ НА БУЧАВА СО КОРИСТЕЊЕ НА SKOPJE.PULSE ПЛАТФОРМАТА


Author: Maja Anachkova
Author: Simona Domazetovska
Author: Marija Hadzi-Nikolova



Abstract: Интензивната глобализација, драстичното зголемување на популацијата и промените во инфраструктурата во големите градови, во последните неколку години предизвикуваат голем број на еколошки проблеми и негативни промени во животната средина. Еден од најзагрижувачките проблеми кои се јавуваат во пренаселените и сообраќајно фреквентни метрополи е проблемот со зголеменото ниво на бучава кое во голема мера може да влијае врз здравјето на луѓето. Во град Скопје, нема воспоставено државна мрежа за континуиран мониторинг на нивото на бучава, oсвен неколку краткотрајни мерења спроведени од страна на државните институции. Во овој труд е презентирано решение за одржлив развој и мониторинг на бучавата во градот Скопје креирано и спроведено од софтверската компанија Netcetera, со цел 24-часовно следење на состојбата на нивото на бучава на повеќе мерни места во градот. Овој концепт се базира на принципот на „Интернет на нештата“, кој преку сензорска мрежа, Wi-Fi и LoRaWAN комуникациите собира податоци за нивото на бучава кои потоа се визуелизираат и следат онлајн на платформа наречена Скопје Пулс. Во трудот е даден преглед на слични софтверски решенија и начини за собирање податоци и следење на нивото на бучава од кои беа извлечени искуства за развој на Скопје Пулс, к ако и детално објаснување на платформата, сензорската мрежа и начинот на комуникација изразен и објаснет преку концептот на „Интернет на нештата“ кој беше искористен за развој на ова решение. Прикажани се и податоците добиени од сензорската мрежа за секој ден и час во текот на 2018 година, како и нивна анализа од која беа воочени критичните и најоптеретените месеци, денови и часови со зголемено ниво на бучава во градот Скопје.


Publisher: OSH Priority


Relation: OSH Priority Зборник



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/7280
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/7280



TitleDateViews
ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА НИВОТО НА ИЗЛОЖЕНОСТ НА БУЧАВА СО КОРИСТЕЊЕ НА SKOPJE.PULSE ПЛАТФОРМАТА201945