Home | Repositories | Statistics | About



Subject: процес на рецепција, медиумски пораки, мулти - димензионален модел на рецепција


Year: 2015


Type: Article



Title: Работен модел на процесот на рецепција на пораките во печатените медиуми


Author: Serafimovska, Eleonora
Author: Markovikj, Marijana



Abstract: Kогнитивните процеси на членовите на медиумската публика кои се вклучени во примањето на пораки од медиумите се толку бескрајно сложени што понекогаш се чини дека тие не можат да бидат систематски анализирани. Како резултат на тоа, секој напор да се предложи општ (генерален) модел, кој успешно ќе се справува со дискурсите на публиката, се чини дека е осуден да биде ”опседнат” со многу потешкотии, а недостатоците ќе бидат рамноправни со илуминациите кои од тој модел можат да се појават. Шредер го предложи својот мултидимензионален модел целосно свесен за неминовниот редукционизам и терминолошка неконзистентност вклучени во него. Моделот предлага концептуална рамка за справување со сложените процеси преку кои публиката ги прима, разбира, критикува и одговара на медиумските пораки. Моделот на Шредер, како и моделот, а подоцна и критиката на Хол, истражувањата на Морли и останатите истражувачи во областа на рецепцијата беа поттик за едно вакво истражување на димензиите вклучени во тој можеби краткотраен, но бескрајно сложен процес на примање на медиумските пораки. Резултатите ја нагласија важноста и комплексноста на многу аспекти, процеси, димензии, кои го детерминираат процесот на рецепција; тие ја истакнаа нивната истовремена појавност и меѓу-зависност што пак ја отвори потребата од испитување на нивното заедничко дејствување. И двата, и социолошките и психолошките фактори се важни во процесот на рецепција, но никогаш одвоени од содржината на текстот и начинот на кој содржината е напишана. Се чини како одредени содржини да провоцираат одредени индивидуални карактеристики, и така „обединети" го детерминираат рецепцискиот процес.


Publisher: MI-AN Publishing Centre for Culture and Cultural Studies


Relation: Култура/Culture



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/7190
Identifier: 1857-7717
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/7190



TitleDateViews
Работен модел на процесот на рецепција на пораките во печатените медиуми201514