Home | Repositories | Statistics | About



Subject: перцепција на говор, фонетска инструкција, изговор, корективен коментар, фонолошка свест


Year: 2019


Type: Journal Article



Title: Инструкција за подобрување на изговорот на странски јазик


Author: Анастазија Киркова-Наскова



Abstract: Во овој труд се дава преглед на емпириските истражувања кои испитуваат дали и во која мера фонетската инструкција спроведенa во лабораториски услови и во училница го подобрува изговорот на странскиот јазик,. Анализата покажува дека инструкцијата помага во модификување на изговорот на изучувачите. Различните видови инструкција придонесуваат за развој на различни аспекти на јазичната вештина изговор; притоа, обуката со фокус на прозодиските елементи на говорот значително ја подобрува комуникативната способност на изучувачот. Исто така, корективниот коментар што го дава наставникот е од особена важност за зголемување на способноста за забележување кај изучувачите како и за подигнување на нивната фонолошка свест и критички однос кон сопствениот изговор. Ефективноста на фонетската инструкција укажува на долгорочната корист за изучувачите од системската примена на ваков вид обука во наставата.


Publisher: Blaže Koneski Faculty of Philology, Skopje, Journal of Contemporary Philology (JCP)


Relation: Journal of Contemporary Philology



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/7023
Identifier: Киркова-Наскова, А. (2019). Инструкција за подобрување на изговорот на странски јазик. Journal of Contemporary Philology, 2(1): 80–101. https://journals.ukim.mk/index.php/jcp/article/view/184
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/7023



TitleDateViews
Инструкција за подобрување на изговорот на странски јазик201936