Home | Repositories | Statistics | About





Year: 2015


Type: Article



Title: МЕСТОТО НА СЛУЖБЕНОСТИТЕ (SERVITUTES) ВО РИМСКОТО СТВАРНО ПРАВО


Author: Есин Кранли Бајрам



Abstract: Имајќи го во предвид централниот интерес на овој труд, службеностите, на почетокот се наметнува потребата од дефинирање и диференцирање на стварното право, чиј што институт меѓу другото се и службеностите. За волја на вистината, дефинирањето на правните институти, особено на оние од приватното право, било избегнувано од римските правници, бидејќи тие сметале дека секогаш постои опасност ваквите дефиниции да бидат оборени заради некој недостаток, така што многу од дефинициите на првните институти се само логичен заклучок што романистите го извлекувале, имајќи ги во предвид основните елементи содржани во многубројните извори на римското право. Како што беше напоменато , изворите на римското право упатуваат и на дефиницијата на стварното право, како збир од правни норми (правила) кои се однесуваат на овластувањата што еден субјект ги има на определена ствар или субјективното право на овластеникот на одреден начин да ја користи одредената ствар, со негативна должност на сите други лица да не го спречуваат во тоа . Заедничкиот елемент, за правните гранки кои ја сочинуваат материјата на граѓанското право како правна област, е тоа што сите во крајна линија имаат имотен ефект. Разликите меѓу нив лежат во посебните карактеристики, специфични за секоја од нив.


Publisher: Правен факултет „Јустинијан Први“ Скопје


Relation:



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/6924
Identifier: 0583-5062
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6924



TitleDateViews
МЕСТОТО НА СЛУЖБЕНОСТИТЕ (SERVITUTES) ВО РИМСКОТО СТВАРНО ПРАВО201512