Home | Repositories | Statistics | About





Year: 2018


Type: Article



Title: РИМСКОТО ПОЛИТИЧКО ГОВОРНИШТВО НИЗ ПРИМЕРОТ НА MARCUS PORTIUS CATO ( КАТОН СТАРИОТ)


Author: Владо Бучковски
Author: Гоце Наумовски
Author: Есин Кранли Бајрам



Abstract: Низ историјата величана, глорифицирана, но и оспорувана, омаловажувана, вулгаризирана, па дури и негирана, реториката успеала да се воздигне и да ги преживее сите падови предизвикани пред се од условите во кои опстојувала. Доказ дека реториката е извонредно значаен домен на „човечките работи“ е фактот дека таа била тема на интрес на исклучително значајни и влијателни историски личности, кои особено во својот професионален живот, доаѓале во непосреден контакт со неа. Така, таа станува поле на истражување на бројни филозофи, писатели, правници, новинари, политичари, имиња кои и тоа како останале трајно врежани во колективната мемеорија на човештвото особено заради својот придонес во областа на науката генерално. Тоа зборува дека значењето на реториката, без оглед во која смисла станува збор за неа, не е маргинална тема која не заслужува внимание, туку напротив, разбирањето на реториката како научна дисциплина, уметност или како вештина, или пак историската или современата димензија на реториката, несомнено ќе го покаже вистинскиот пат како најдобро да се користи оваа „алатка“ својствена само на човекот. Фокусот на овој кус труд ќе биде ставен на особеностите на реториката на Катон Стариот како претставник на изразен конзервативизам. Покрај тоа, истражувањето се занимава и со краток историски развој на говорништвото во стариот Рим.


Publisher: Правен факултет „Јустинијан Први“ Скопје


Relation:



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/6923
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6923



TitleDateViews
РИМСКОТО ПОЛИТИЧКО ГОВОРНИШТВО НИЗ ПРИМЕРОТ НА MARCUS PORTIUS CATO ( КАТОН СТАРИОТ)201824