Home | Repositories | Statistics | About



Subject: конвенција, жени, фемицид, демнење, вознемирување, криминал.


Year: 2019


Type: Article



Title: ПОЈАВНИ ОБЛИЦИ НА РОДОВО-ЗАСНОВАНИОТ КРИМИНАЛ СПОРЕД ИСТАНБУЛСКАТА КОНВЕНЦИЈА (Истанбулската конвенција и македонскиот Кривичен законик)


Author: Tupanceski, Nikola; Deanoska - Trendafilova, Aleksandra



Abstract: Апстракт: Во последнава деценија посебен придонес во борбата против семејното насилство на меѓународно (поточно на европско) рамниште претставува Конвенцијата за превенција и борба против насилството врз жената и семејното насилство од Истанбул, 11.5.2011 година, позната како CAHVIO или Истанбулска конвенција. Република Македонија ја потпиша истата година но ја ратификуваше дури седум години подоцна, со што таа стана и дел од нашето внатрешно законодавство. Дополнително, треба да се нагласи дека нашата држава стави резерви на неколку членови од Конвенцијата. Авторите на трудот констатираат дека повеќе од една и пол година, откако таа е дел од македонскиот внатрешен правен поредок, државата сѐуште не направи значајни чекори кон остварувањето на обврските кои произлегуваат од неа. Истанбулската конвенција има изразена казненоправна димензија. Таа налага инкриминирање на низа дејствија во законодавствата на државите – потписнички, давајќи насоки дури и за правилата за одмерување на казната, казнивоста на обидот и помагањето, неприфаќање на одредени критериуми како основи за исклучување на противправноста итн. Авторите на трудот ги елаборираат казнено- правните одредби од Конвенцијата со тоа детектирајќи ги облиците на родово-заснован криминал кој произлегува од неа. Во трудот, направен е осврт врз неконсенсуалните односи од сексуална природа, умисленото присилување на стапување во брак (присилни и детски бракови), умислените акти на физичко насилство, гениталното осакатување (генитални мутилации), присилниот абортус и стерилизација, демнењето, сексуалното вознемирување итн.


Publisher: Iuridica Prima, Институт за правно економски истражувања и едукација


Relation: Iuridica Prima Journal



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/6906
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6906
Identifier: http://iuridicaprima.mk/content/Zbornik_10-final_5-2-2020-crop.pdf



TitleDateViews
ПОЈАВНИ ОБЛИЦИ НА РОДОВО-ЗАСНОВАНИОТ КРИМИНАЛ СПОРЕД ИСТАНБУЛСКАТА КОНВЕНЦИЈА (Истанбулската конвенција и македонскиот Кривичен законик)201939