Home | Repositories | Statistics | About



Subject: македонска 19-вековна литература, жанр, прозни видови, жанровска класификација.


Year: 2019


Type: Book chapter



Title: Пролегомена за класификацијата на прозните жанрови во македонската литература од 19 век


Author: Tasevska Hadji Boshkova, Iskra



Abstract: Македонската литература од 19 век, според нејзините својства и специфичен тек, претставува еден од најпроблематичните периоди во развојот на македонската култура воопшто. Досега, нејзините карактеристики се проследуваа преку најразлични, главно позитивистички насочени анализи, кои ја опишуваат појавата на книжевниот артефакт во дијахрониска смисла. Целта на овој текст е да ја преосмисли таквата поставеност на македонската литература од овој период, но во функција на една поразвиена жанровска типологија на прозните жанрови, соодветно на аналитичките премиси на Ханс Роберт Јаус. Сметаме дека таквата класификација ја дополнува историската перспектива низ која се проучува 19-вековната литература, што овозможува и збогатување на синхрониските истражувања на соодветните појави. Постоењето на валидна жанровска класификација создава можност да се одговори прашањето за жанровите кои се појавуваат, навидум, без жанровски претходник, како и соодветно да се промисли проблемот на жанровскиот развој и т.н. еволуција на жанрот.


Publisher: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“


Relation: XLV меѓународна научна конференција на LI летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура. Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, 2019, стр. 305-318.



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/6850
Identifier: 978-9989-43-426-6
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6850



TitleDateViews
Пролегомена за класификацијата на прозните жанрови во македонската литература од 19 век201930