Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Живко Чинго, карневализација, полифонија, идеологија, епистемолошки пресврт.


Year: 2017


Type: Book chapter



Title: Карневализацијата во романот „Бабаџан“ од Живко Чинго


Author: Tasevska Hadji Boshkova, Iskra



Abstract: Појавата на „случајот Чинго“ во македонската литература (како што напоменува Димитар Митрев) претставува несомнено една пресвртница во дотогашниот тек на македонската литература, земајќи го предвид значењето на фолклорот во неговата регионалистичка проза. Низ креативна трансформација Чинго зборува за моќта на историските наративи, но и за нивниот метафикционален карактер, за концептот на нацијата и природата на националното, повторно низ објективот на хумористичното и автентичниот фолклор, за патријархалните вредности, проникнати со длабок хуманизам, за интертекстуалната визура на литературата, која не дозволува да се открие примарниот извор ниту конечното почивалиште на сите текстови, за мноштвото луѓе кои поради својата искреност и човечност не можат да го најдат своето место во ниеден политички систем. Оттука, соодветно е да заклучиме дека таквото преплетување на различните идеолошки кодови во текстот на Чинго претставува исклучителна појава во тој период од развојот на македонската литература.


Publisher: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“


Relation: XLIII меѓународна конференција на XLIX меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, Охрид, 25-26 јуни 2016 година. Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, 2017, 376-391.



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/6844
Identifier: 978-9989-43-391-7
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6844



TitleDateViews
Карневализацијата во романот „Бабаџан“ од Живко Чинго201733