Home | Repositories | Statistics | About



Subject: медиумска писменост, етос, публика, медиумска етика


Year: 2018


Type: Journal Article



Title: До веродостојност на медиумите преку развиен етос на публиката и нејзина медиумска писменост


Author: Донев, Дејан



Abstract: Во денешни услови, во демократските општества имаме евидентно поместување на матрицата на дејствување на медиумите каде веќе информирањето не е единствена и најважна задача, туку и нужната вклученост на јавноста во зајакнувањето на демократските процеси. Начинот на кој тоа се прави е се подоминантното развивање на тезата за форумизација преку промовирањето на различноста на мислењето, јавната дебата и граѓанската партиципација во општеството, но и во однос на промовирањето на демократските вредности, залагањето за слободата на изразување и слободата на говорот. Па така, наместо само да пренесуваат креирани пораки од некој, медиумите треба и да го привлечат вниманието на публиката, да пренесат, но и да наметнат ставови, што значи дека сега, во вакви услови, публиката е таа која има голема морална одговорност во однос на познавањето на функцијата на медиумите, за да може полесно да ги анализира и да ги сфати медиумските пораки, но и за да ја разбере намерата на оној кој ја испратил пораката. Едновремено, успешноста во разбирањето на пораките го открива и степенот на медиумска писменост на дадената јавноста, затоа што етосот на публиката имплицира свест на публиката за квалитетот на содржините во медиумите, барање за квалитет во работењето на медиумите, како и спремност да се игра активна улога во однос на влијанието на медиумите. Во овој поглед етиката на публиката е блиска со медиумиската педагогија и медиумската писменост! Каква е состојбата во Македонија во однос на степенот на развиен етос на публиката, но и практицирање на соодветно развиена медиумската писменост која е особено важна во развивањето на комуникациска адекватна општествена заедница од која едновремено зависи и веродостојноста на медиумите!?


Publisher: Правен факултет „Јустинијан Први“, Скопје


Relation: Годишник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Скопје (по повод 40 години од основањето на студиите по новинарство)



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/6828
Identifier: Донев, Д. „До веродостојност на медиумите преку развиен етос на публиката и нејзина медиумска писменост“, Годишник на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Скопје, 2018, стр. 223-233
Identifier: 0583-5062
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6828



TitleDateViews
До веродостојност на медиумите преку развиен етос на публиката и нејзина медиумска писменост201831