Home | Repositories | Statistics | About



Subject: деца со умерена и тешка интелектуална попреченост, вонинституционална и институционална заштита, професионално согорување, бенефициран работен стаж


Year: 2015


Type: Journal Article



Title: Потреба од бенефициран работен стаж за вработените во вонинституцонална заштита и во институционална заштита за деца со умерена и со тешка интелектуална попреченост


Author: Станојковска Трајковска, Наташа



Abstract: Системот на заштита и рехабилитација на лица со инвалидност, како и воспитно-образовниот систем во Република Македонија од 2000 година, па до денес претрпе низа промени предизвикани од процесите на деинституционализација и инклузија. Ваквите промени предизвикуваат значително да се намали бројот на деца со умерена интелектуална попреченост во дневните центри и во Заводот за рехабилитација на деца и младинци „Топанско поле“, а за сметка на ваквата промена да доминираат децата со тешка интелектуална попреченост. Менувањето на структурата на корисниците, зголемувањето на работниот стаѓ на стручните лица кои работат со оваа категорија деца и слабата надворешна мотивираност предизвикуваат професионално согорување. Истражувањето е спроведено на примерок од 16 стручи лица вработени во Завод за рехабилитација на деца и младинци во Скопје и 94 стручни лица вработени во центрите за дневно згрижување во Република Македонија. Кадарот што е ангажиран на третман на лица со тешка интелектуална попреченост во Специјалниот завод во Демир Капија има работен стаж кој се смета со зголемено траење. Затоа истражувањето е спроведено со цел да испитаме дали стручните лица кои ја покриваат оваа категорија деца имаат потреба од дополнително мотивирање и стимулирање, како и воведување бенефициран работен стаж како можност за зголемување на ефикасноста во работењето и подобрување на квалитетот на живот на стручните профили кои се во директен и секојдневен контакт со деца со умерена и со тешка интелектуална попреченост.


Publisher: Филозофски факултет, Скопје


Relation: Годишен зборник на Филозофскиот факултет



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/6816
Identifier: Станојковска Трајковска, Н. „Потреба од бенефициран работен стаж за вработените во вонинституцонална заштита и во институционална заштита за деца со умерена и со тешка интелектуална попреченост“. Годишен зборник на Филозофски факултет 68, 2015
Identifier: 0350-1892
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6816



TitleDateViews
Потреба од бенефициран работен стаж за вработените во вонинституцонална заштита и во институционална заштита за деца со умерена и со тешка интелектуална попреченост201519