Home | Repositories | Statistics | About



Subject: календарски аномалии, дневни приноси, вештачки променливи, МБИ10


Year: 2015


Type: Journal Article



Title: Дали се уште постојат календарските аномалии на приносите на МБИ10 индексот?


Author: Тевдовски, Драган



Abstract: Целта на овој труд е да утврди дали постои прекршување на хипотезата за случаен од и да го испита постоењето на три календарски аномалии на дневните приноси на МБИ10 индексот: ефектот на денот на неделата, ефектот на половина месец и ефектот на преодот во месецот. Посебно се испитува постоењето на секој од овие ефекти во средината и волатилноста на приносите на индексот. Стандардни регресиони модели со вештачки променливи се користат при утврдување на ефектите во средината, додека GARCH(1,1) модели со вештачки променливи се користат при утврдување на ефектите во волатилноста. Резултатите покажуваат дека дневните приноси на МБИ10 индексот се карактеризираат со силно присуство на ефектот на денот во неделата, додека кај волатилноста на индексот ефектот на денот во неделата е само умерено присутен. Ефектот на половина месец и ефектот на преодот во месецот не е присутен кај дненвните приноси на МБИ10. Спротивно на ова, волатилноста на индексот се карактеризира со силно присуство на ефектот на поливина месец, а умерено присуство на ефектот на преодот во месецот.


Publisher: Економски факултет - Скопје


Relation: Годишник на Економскиот факултет – Скопје



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/6799
Identifier: Тевдовски, Драган (2015) „Дали се уште постојат календарските аномалии на приносите на МБИ10 индексот?”, Годишник на Економскиот факултет – Скопје, Том 50, стр. 513-527
Identifier: 0489-0922
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6799



TitleDateViews
Дали се уште постојат календарските аномалии на приносите на МБИ10 индексот?201527