Home | Repositories | Statistics | About



Subject: даночен систем, персонален данок на доход, реформа.


Year: 2016


Type: Monograph



Title: Реформи за праведно оданочување


Author: Гацов, Павле
Author: Гоцков, Ѓорѓи
Author: Петревски, Горан
Author: Поповски, Никола
Author: Тевдовски, Драган
Author: Узунов, Ванчо
Author: Филиповски, Владимир



Abstract: Појдовна основа за овој труд е фактот дека Македонија има највисока нееднаквост во распределбата на доходот во Европа, која забрзано се зголемува. Во таа смисла, основна цел на трудот е да ги согледа ефектите од „рамниот данок“ во нашата држава, како и да даде предлози за идни реформи на даночниот систем, пред сѐ во сферата на даноците на доход. Со воведувањето на „рамниот данок“ во 2007 година, Македонија влезе во „трка кон дното” со поранешните транзициски држави од Европа. Од новиот даночен систем се очекуваше да ја поедностави даночната пресметка, да го намали даночниот товар и да влијае на подобрување на ефикасноста на економијата. Речиси десет години потоа е доволен период за реално оценување на постигнувањата, особено гледани од аспект на социјалната раслоеност во државата. Во трудот најнапред е претставена компаративна анализа на даночните системи во државите од Југоисточна Европа и во избрани држави од Европската Унија. Потоа се анализирани ефектите од „рамниот данок“ во Македонија, по што трудот завршува со предлози за реформирање на постојниот даночен систем во нашата држава.


Publisher: Фондација Фридрих Еберт и Институт за социјална демократија Прогрес


Relation:



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/6771
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6771



TitleDateViews
Реформи за праведно оданочување201625