Home | Repositories | Statistics | About



Subject: жанр, полифониски роман, Живко Чинго, современа македонска литература


Year: 2018


Type: Book chapter



Title: Полифониската структура на романот „Бабаџан“ од Живко Чинго


Author: Искра Тасевска



Abstract: Во рамките на македонската литература од 20 век, дејноста на Живко Чинго ја обележува специфичната појава на регионалистичката проза под превезот на фантастичното (кое е, истовремено, одличен метод за маскирање на иронијата и гротеската), со што македонската литература се издигнува на уште повисоко рамниште. Неговиот богат уметнички свет и неговата посебно инспиративна и креативна личност одлично ја забележува Димитар Митрев уште во 1966 год., нарекувајќи го „случајот Чинго“ една од највлијателните појави на типичен раскажувач во македонската литература. Во рамките на книжевната критика (Слободан Мицковиќ, Бранко Варошлија, Влада Урошевиќ, Петар Т. Бошковски и др.) владее општоприфатеното мислење за овој раскажувач како посебен феномен (токму преку самопретставувањето, како што го определува Мартин Хајдегер), кој успева да ги спои формите на регионалистичката проза со реалистичното и фантастичното (ирационалното), внесувајќи длабока двосмисленост која не се троши и издигнувајќи се, на таков начин, кон најуспешните раскажувачи во македонската проза. Во таа смисла е сосема оправдана и определбата на Миодраг Друговац, кој смета дека структурата на Чинговото дело на свој начин (исклучително и типолошки) претставува „свет за себе“ кој фигурира независно, но во суштествена и длабока врска со претходната текстуална граѓа (Друговац 1990: 534).


Publisher: Македонска академија на науките и уметностите


Relation: Методи на книжевната херменевтика, МАНУ, 2016-2017.



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/6695
Identifier: 978-608-203-231-3
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6695



TitleDateViews
Полифониската структура на романот „Бабаџан“ од Живко Чинго201836