Home | Repositories | Statistics | About



Subject: национален идентитет, дискурзивен идентитет, субјективност, слово (беседа), македонска литература од XIX век.


Year: 2016


Type: Article



Title: Идентитетот како дискурзивен феномен во словата од македонскиот литературен XIX век


Author: Искра Тасевска Хаџи-Бошкова



Abstract: Постмодерната го истакна хибридниот карактер на идентитетот и неговите специфични својства. Неможноста да се конструира еден и единствен идентитет, како и противречната поставеност на човекот како неидентичен на себеси во сите одделни моменти ја истакнуваат потребата од посебното истражување на идентитетот. Нашата поставена теза се однесува на идентитетот кој се достигнува преку дејствувањето на дискурсот, односно оној вид субјективност (како што ја дефинираше Емил Бенвенист) која покажува какви се можностите за формирање на идентитетот во рамките на дискурсот. Со оглед на фактот дека словата се еден од најактуелните жанрови во македонската литература од XIX век, нивната специфична поставеност ја истакнува можноста за редефинирање и на националниот идентитет, кој недвосмислено е обележен со заборавањето (Ернст Ренан). Оттука, предложената тема ја истакнува специфичната поврзаност на идентитетот со субјективноста, со феноменологијата на претставата и со меморијата/заборавањето. Секако, паралелно со истражувањето на идентитетот на говорникот, кој не е обележен само национално, наша задача ќе претставува и одредувањето на жанровскиот идентитет на словата во македонската литература од XIX век, што претставува посебен научен проблем.


Publisher: Ми-Ан


Relation: Меѓународно списание за културолошки истражувања „Култура/Culture“, год. VI, бр. 14.



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/6688
Identifier: 1857-7717
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6688



TitleDateViews
Идентитетот како дискурзивен феномен во словата од македонскиот литературен XIX век201618