Home | Repositories | Statistics | About



Subject: беседа (слово), жанр, македонска 19-вековна литература, субјективност, епистемолошки пресврт.


Year: 2016


Type: Article



Title: Жанровските карактеристики на словата на Кузман Шапкарев


Author: Искра Тасевска Хаџи-Бошкова



Abstract: Текстот се занимава со дилемите околу етаблирањето на жанрот беседа во македонската литература, неговите историски промени, како и автореференцијалноста која понира во неговото ткиво. Истражувањето на дејноста на Кузман Шапкарев треба да се насочи кон аспектирање на едно делумно подзаборавено подрачје, на кое своевремено, на неколку наврати, укажа Александар Трајановски, а кое се однесува на неговите слова. Во својата студија за словата на Шапкарев, која содржи фактичко претставување на неколку негови слова и нивно толкување во врска со културниот и историскиот контекст во кој се создавани, Трајановски ја потцртува учителската дејност на Шапкарев, со која се поврзани овие слова, бидејќи тие се подготвувале пригодно (за крајот на годината и во врска со чествувањето на празникот на словенските просветители, светите Кирил и Методиј).


Publisher: Филолошки факултет „Блаже Конески“


Relation: Годишен зборник на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, кн. 41-42.



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/6687
Identifier: 1409-8571
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6687



TitleDateViews
Жанровските карактеристики на словата на Кузман Шапкарев201614