Home | Repositories | Statistics | About



Subject: македонска литература во 19 век, Јоаким Крчовски, лингвистика, културологија


Year: 2016


Type: Article



Title: Во средиштето на промените (Димитар Пандев „Меѓу црквата и чаршијата“, Скопје, 2015)


Author: Искра Тасевска Хаџи-Бошкова



Abstract: Книгата „Меѓу црквата и чаршијата“ од проф. д-р Димитар Пандев, која беше издадена од Матица македонска во 2015 година, претставува несекојдневен и единствен склоп од седумдесет и три поглавја (трудови, научни есеи), дополнети со укажувањата за нагледната и претпочитана литература. Опсежниот опус, кој се протега низ триста и деведесет страници, детално и специфично ги третира прашањата поврзани со културата во македонскиот 19 век, притоа нудејќи најразлични методолошки пристапи и интерпретативни стратегии за посоодветно објаснување на културните феномени во, според нас, еден од најсложените периоди во македонската култура воопшто. Специфичната структура на книгата овозможува секој одделен текст да се чита како дел од поголемата целина, но и посебно, како независна единица, што овозможува повеќеслојни интепретации. Поттикнат генерално од двестегодишнината од објавувањето на првото дело на Јоаким Крчовски („Слово исказаное заради умирание“, Будим, 1814 година), авторот всушност ја проследува целокупната македонска култура во овој период, спојувајќи ги историскофилолошките, лингвистичките, дискурсните анализи, семиотичките, социолошките и др. методи во интерпретацијата на одделните феномени.


Publisher: Сојуз на друштвата за македонски јазик и литература


Relation: Литературен збор 1-3, год. LXIII. Скопје: Сојуз на друштвата за македонски јазик и литература, 175-186.



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/6685
Identifier: 0024-4791
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6685



TitleDateViews
Во средиштето на промените (Димитар Пандев „Меѓу црквата и чаршијата“, Скопје, 2015)201612